СО НАРОДНА НОСИЈА НА РОДЕНДЕН КАЈ ЦАРОТ: Македонската амбасадорка во Јапонија на роденден кај Јапонскиот цар во народна носија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во традиционална народна носија македонската амбасадорка во Јапонија Андријана Цветковиќ денеска е гостинка на прославата на 83-тиот роденден на Неговото Височество, јапонскиот цар Акихито. Амбасадорите се охрабруваат да носат нивни национални костими на овој ден и јас гордо ја носам македонската носија, објави Цветковиќ на својот фесјбук-профил.

andrijana

– Имам неколку носии од различни краеви – неколку скопски, кои се наследство од баба ми, некои охридски, кичевска и мариовска, што ја носев денес. Нив ги донесов во Јапонија, но ретко имам можност да ги носам на официјални настани. Денеска беше убава можност, а особено што имав и прилика да разговарам со императорот и царицата, кои ја имаат посетено Македонија во 1976 година. На сите амбасадори им се допадна носијата и искрено мислам дека треба да си ја вратиме традицијата, да се носат повеќе нашите носии, како што Јапонците ги носат кимоната за свечени прилики.

Акихито е единствената личност во светот што во моментов ја носи титулата цар. Тој е 125-тиот цар на Јапонија, а на власт е од 1989 година, наследувајќи го татко си Хирохито.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This