СО НОВ СОСТАВ КОН НОВИ ПОБЕДИ: ВМРО-ДПМНЕ ги започна најавените освежувања – граѓански активисти, ветерани, професори, доктори дел од новиот победнички тим на ВМРО-ДПМНЕ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Доцна вечерва, победничката партија на 11 декември минатата година, ВМРО-ДПМНЕ, започна со освежувањата во партијата кои ги најави лидерот Никола Груевски

Со победа си заминавме, со победа и ќе се вратиме – со овие зборови лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го заврши неговото последно интервју на ТВ Нова, во кое најави брзо враќање на неговата партија на чело на државата, преку темелни партиски освежувања и реформи.

Вечерва, оваа најава се преточува во реалност, откако во највисокото тело на партијата по Конгресот, Извршниот комитет направи темелни освежувања на победничкиот тим. Со многу професори, доктори, граѓански активисти но и ветерани, партијата се припрема за следната голема победа на Локалните, а како што се надеваат и брзите вонредни парламентарни избори.

Новиот тим на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, силно беше поздравен од членството на партијата, кое на социјалните мрежи изрази безброј честитки до новите членови, како што велат до новиот победнички тим.

Очекувано, изборот за нов генерален секретар на партијата Христијан Мицковски беше најпозитивното изненадување за членовите, кои безрезервно му ја дадоа поддршката на професорот Мицковски.

Новите членови кои се придружуваат на тимот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат:

Никола Груевски
Христијан Мицковски
Илија Димовски
Коце Трајановски
Eмил Димитриев
Даниела Рангелова
Владимир Нелоски
Никола Тодоров
Никола Поповски
Влатко Ѓорчев
Драги Димитровски
Игор Николов
Зекир Рамчиловиќ
Александар Николовски
Џери Наумов
Златко Перински
Никола Србов
Славе Трпевски
Ане Лашкоска
Сеад Солаковски
Марио Цветковски
Дијана Транталовска
Богдан Илиевски
Светлана Колариќ
Александар Георгиев
Дејан Јовановски
Анета Стојановска Стефанова
Армен Незири

25 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This