СО ОВАА ВЛАДА ЈА ГУБИМЕ НАШАТА ДРЖАВА: Наше знаме е сонцето, а тоа е најстариот оган на кој се грееме, ураа за тој вечен оган по кој се препознаваме

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Удар врз самодовербата на нашиот народ и земја: Ние Македонците со оваа влада ја губиме државата
„Историјата е еден отворен процес кој постојано се допишува. Ние, Македонците таа историја сакаме да ја пишуваме само со своето македонско писмо и само со својата македонска вистина. Слободата е наша прва икона и затоа не испуштајте ја од своите раце и од својата љубов. Таа не се освојува еднаш засекогаш, туку секој ден и постојано. Низ секој наш творечки подвиг. И низ секој изгрев што не осветлува. Само така Македонија ќе ја видиме обединета во една толку величествена светлина. Зашто наше знаме е сонцето, а тоа е најстариот оган на кој се грееме, ураа за тој вечен оган по кој се препознаваме…“

-Знам дека чуствувате несигурност, гледате како пополека ви се одзема животот по кој сте копнееле и ви се руши сонот кој сте го сонувале од мали нозе. На седенките во раните години, во размислите и мечтите за вашата иднина, во вашето безгрижно креирање на сликата за тоа што сте сакале да бидете вие и вашето семејство, овде во нашата земја и никогаш не сте помислиле дека може да се отиде до оваа граница, која не само што е помината, туку е целосно срушена. До ваков период на порази и удари, на личен план, на политички и општествен, напад врз достоинството и честа, до гола борба за живот на дневна основа, затоа што живот нема, без достоинство, без чест, со празен паричник, со наталожени сметки за струја, вода, на кои не сакате да мислите затоа што таа помисла ви создава јад и несигурност, рече Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека розовата слика која секојдневно ја потхрануваат луѓето од власта, освен во убавите зборови и во лажната еуфорија слеана помеѓу неколку вештачки насмевки на луѓето од власта никаде ја нема.

-Ја нема затоа што ние Македонците, луѓето на оваа земја со оваа влада ја губиме нашата држава. Овие паралелни светови каде од една страна ги имаме властодршците оние кои ги уживаат придобивките дадени од народот, а од другата страна токму народот опркужен со сиромаштија и очај, доведуваат до она што и токму се посакува во овој момент, а тоа е удар врз самодовербата на нашиот народ и земја, рече тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This