СО ПОБЕДАТА НА ТРАМП ИЗБЕГНАВМЕ КУРШУМ: Актерот Дензел Вашингтон смета дека ако победеше Хилари, САД ќе влезеше во војна со Русија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Изборната победа на Доналд Трамп го спаси САД од воспоставување на „Орвеловската“ полициска држава во рацете на деморкатите кои би ја користеле истата авторитарна тактика „одново“ да за „ја заобиколат волјата на народите на следните избори“, тврди актерот Дензел Вашингтон

© AP Photo/ Evan Agostini/Invision

„Ако демократите победеа на изборите, никогаш немаше да дознаеме какос е користеле лажни документи за да се добијат налози за шпионирање на американски граѓани и политички противници. Тоа никогаш нема да го знаеме. Размислете за тоа!“, изјави Вашингтон на прес конференцијата во Њујорк.

„Тие имаат алат кој одново ќе се користи за да се заобиколи волјата на народот на следните избори“, вели Вашингтон, кој е номиниран за Оскар за филмот „Роман Ј. Израел“.

На прашањето дали верува во вистината на меморандумот кој го објави Конгресот во петокот, тој вели: „Да, веродостоен. Не мораме да знаеме детали за да разебреме за што се работи“.

„Знаеме дека постоел налог да се шпионира член од тимот на Трамп, а налогот е издаден на основа на медиумските извештаи. Медиумите ја напишаа оваа информација на основа на добиени информации од страна на опозициската истражувачка компанија која ја плаќаат демократите на Хилари Клинтон“, вели Вашингтон.

„Морате да разберете дека избегнавме куршум кога Клинтон изгуби. Дури и повеќе куршуми. Избегнавме војна со Русија и избегнавме формирање на полициска држава“ – вели Вашингтон.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This