СО РАЗНИ АКТИВНОСТИ ЌЕ СЕ OДБEЛЕЖИ РОДЕНДЕНОТ: Зоолошката градина викендов го слави 93 тиот роденден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На 1-ви септември, ЈУ Зоолошка градина Скопје, слави голем јубилеј- 93 години од постоењето на градината. Оттаму информираат дека со разни активности ќе се одбележи роденденот, како првото „Baby ZOO” катче каде што децата ќе учат нeгa и одглeдyвање на мали животни и ќе се едуциpaат околу нивното хранење во присуство на стручни лица од зоолошката.

Со почеток од 17:00, ќе се забавуваме со Златно Славејче, детската театарска претстава на Неверленд- Волшебникот од ОЗ, а тука ќе бидат и Дизни Маскотите.
За најсреќните посетители подготвивме супер подароци- Електричен мотор, фамилијарно патување со Фибула и едногодишна стипендиja по ментална аритметика во Малац Генијалац.
Секако, тука се и останатите наши пријатели кои за 1-ви септември подготвија изненадувања за сите посетители.
До роденденот, сите посетители имаат шанса да станат потенцијалени добитници на некој од подаpoците. Се што треба да направат е при посета во зоолошка, на билетарата да побараат купон, да го пополнат и да го стават во кутијата која се наоѓа на влезот. Извлекувањето ќе биде во живо, на 1-ви септември во склоп на големата роденденската забава, соопштуваат од Зоолошка градина-Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This