СО СТИХОВИ ОД ГАНЕ ТОДОРОВСКИ, МИЦКОСКИ ПОВИКА НА ПРОТЕСТ: Ој, Македонијо, колку ли уште ни треба за да те домакедончиме!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил ги испиша стиховите од истаканатиот македонски поет и академик, Гане Тодоровски и со тоа ги повика граѓаните на протест в недела во Битола.

Во продолжение го пренесуваме постот

Вака пишуваше Гане Тодоровски за Македонија:

Ој, Македонијо, пушти го родот нека се растура
небаре семето Хамово, небаре проколнатици.
Живите треба да живеат, мртвите ќе починуваат
а безработните ќе трагаат пo работа.
Ој, Македонијо, науми почит кои мртвите,
збери ги коските на своите закубеници,
коските Мисирковите, коските Цепенковите,
коските Ѓорче Петровите,
прибери ги во Скопје,
покpaj Гоцевите, покрај најсветите,
и крени крај нив паметник
на неродениот Македонец —

Ој, Македонијо,
колку ли уште ни треба
за да те домакедончиме!

Се гледаме во Недела, 13.30 часот во Битола.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This