СО ФАЛС ДИПЛОМА ДОБИЛ УНАПРЕДУВАЊЕ: Штипјанец заработи кривична пријава – со лажна диплома добил унапредување во јавно претпријатие

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секторот за внатрешни работи Штип до Основното јавно обвинителство Штип поднесе кривична пријава против Г.Д. (51) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, казниво по член 380 став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Пријавениот во текот на 2016 година набавил фалсификувано уверение за положени испити од Високата школа за менаџмент во сообраќајот во Ниш, Република Србија.

На 30.09.2016 година во Јавното претпријатие „Стипион 2011“ – Штип, каде е вработен, го приложил за добивање на решение за работа на повисоко работно место, за што му бил издаден нов договор за вработување во јавното претпријатие на работно место контролор во сообраќај во Одделението за платени паркинзи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This