СО ФAЛC ДИПЛОМИ СТАНАЛЕ CУДИИ: Тортевски сподели ckaндалозни наводи со јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Адвокатот Александар Тортевски на својот Твитер профил сподели статус во кои пишува дека веќе неколку недели не може да ја добие директорката на Академијата за судии и обвинители.

-Веќе неколку недели се обидувам да ја добијам директорката на Академијата за судии и обвинители ама не успевам. Сакам да ја прашам дали се точни гласините дека примиле кандидати кои минатиот пат се обидоа да се запишат со фалсификувани дипломи за јазик. Би сакал да не е вистина.

Инаку во 2017 година управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ го поништи огласот за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители.

Поништен конкурсот за јавни обвинители, 40-мина со фалсификувани дипломи

– Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ на седницата одржана на 11 декември 2017 година донесе одлука за поништување на јавниот оглас на Академијата за прием на 60 слушатели на почетна обука-кандидати за јавни обвинители, објавен во Службен весник на Република Македонија од 30.08.2016 година и во дневните весници „Лајм“ и „Нова Македонија“, се наведува во одлуката објавена на веб страницата на Академијата.

Огласот е поништен, бидејќи против 41 лице од пријавените кандидати е поведена постапка од Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „фалсификување исправа“, која се уште е во тек.

Овие кандидати конкурирале на огласот со фалсификат сертификати за англиски јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This