СО ЦРВЕН ТЕПИХ И ЦВЕЌИЊА ДОЧЕКАНА НОВАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА БИТОЛА: Талевски симболично ѝ го предаде клучот на градот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со црвен тепих и цвеќе беше пречекана новата градоначалничка на Битола, Наташа Петровска на денешното примопредавање на функцијата во општинската зграда.

Досегашниот градоначалник Владимир Телески симболично ѝ го предаде клучот на градот и ѝ посака трпение, среќа и задоволство во работата. Тој изјави дека Петровска убедливо победила на локалните избори и ѝ ја честиташе победата.

 

Функцијата градоначалник симболично и беше предадена со клучот на градот кој и беше предаден од досегашниот градоначалник, Владимир Талески. Според него, ова е историски момент за Општина Битола.

-Од денеска започнува еден период кој што ќе започне со градоначалничката на нашиот град која што доби убедливо гласови на овие локални избори. Разговаравме и таа е свесна дека целото свое време ќе го посвети на работењето како градоначалник на Општина Битола бидејќи Општина Битола не е општина како секоја друга. Таа е општина која обврзува, која има голема култура, голема историја зад себе, и обврзува секој кој е градоначалник да е свесен за тоа и да се посвети за понатамошен развој на општината. Се надевам дека идниот период ќе продолжи интензитетот за завршување на проектите кои што локалната самоуправа веќе ги започна, тие не се малку, со надеж дека ќе се создадат нови проекти кои исто така ќе бидат за добробит на нашиот град, рече денеска на свеченото примопредавање, Владимир Талески, досегашен градоначалник на Општина Битола.

Талески изрази благодарност до општинската администрација и сите кои го поддржуваа во трите мандати, а на новата градоначалничка и рече дека во оваа функција најголемата жртва е семејството.

Новоизбраната градоначалничка, Наташа Петровска истакна дека е свесна за обемната работа која ја чека и дека е подготвена за се што доаѓа со функцијата.

-Најпрво би сакала да се заблагодарам за приемот кој денес ми беше организиран, сакам да се заблагодарам на граѓаните кои што ми ја дадоа толку големата поддршка на изборите, сакам да се заблагодарам на сите мои роднини, пријатели, познаници и сите мои сограѓани кои ме поддржуваа во целокупните мои активности до доаѓањето до овој момент. И секако да се заблагодарам до моето семејство без чија поддршка дефинитвно не може да дојдете до која било позиција. Она што го ветував во предизборието дека ќе имаме транспарентна и отворена општина, услужна општина за сите е нешто што сакам да го нагласам и во овој момент, сакам да кажам дека целокупната своја енергија, ентузијазам, целокупната своја стручност и се она што сум го стекнала изминатиот период и желба да направам нешто за овој град, дефинитивно нема да биде нешто што ќе биде дискутабилно во следниот период. Напротив, посветеноста ќе биде нешто што ќе биде најзначајно за да им одговорите на потребите на граѓаните, истакна Петровска.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This