СО ЦРНИ ПАРИ ПЛАТЕНИ НАД 70.000 АЛБАНСКИ ГЛАСОВИ: Дој­де мо­мен­тот ко­га на­ра­ча­на­та и фи­нан­си­ра­на фе­де­ра­ли­за­ци­ја за­тро­па на вра­та­та на СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дој­де мо­мен­тот ко­га на­ра­ча­на­та и фи­нан­си­ра­на фе­де­ра­ли­за­ци­ја за­тро­па на вра­та­та на СДСМ. На­ра­ча­те­ли­те и фи­нан­си­е­ри­те не ги ин­те­ре­си­ра­ат из­бор­ни ре­зул­та­ти, ту­ку СДСМ на За­ев со из­бор­но­то ин­же­нерс­тво со 70.000 ал­бан­ски гла­са да ус­пее да ги тур­не си­те де­мо­крат­ски прин­ци­пи кон ре­а­ли­за­ци­ја на дво­ја­зич­но­ста и кан­то­ни­за­ци­ја­та на др­жа­ва­та со про­ме­не­то име.

sdsm-miting-1-640x310

Дој­дов­ме и до мо­ментот ко­га оние што ги за­ло­жи­ја др­жа­ва­та и на­ро­дот во за­ме­на за из­бор­но ин­же­нерс­тво, по се­ко­ја це­на тре­ба да ја ис­по­ра­ча­ат сме­тка­та. А, сме­тка­та е го­ле­ма и те­шка 70.000 ал­бан­ски гла­со­ви. За­лож­би­те за „Ку­ма­но­во да ви се де­си“ за­тро­паа на вра­та. Мно­гу е таж­но што под пла­штот за на­вод­ни пет­сто­ти­ни евра пла­та дел од гра­ѓа­ни­те ја за­ме­ни­ја ид­ни­на­та на сво­и­те де­ца, не гле­дај­ќи ја ви­стин­ска­та це­на на по­ну­да­та. Со нив­ни­от глас, Зо­ран За­ев и Рад­ми­ла Ше­ке­рин­ска, за­ед­но со Сте­во Пен­да­ров­ски и со Пе­тре Ши­ле­гов, ги тур­ка­ат дво­ја­зич­но­ста и кан­то­ни­за­ци­ја­та за би­на­ци­о­нал­на др­жа­ва со кон­сен­зу­ал­но име, па и ако тре­ба со крв да се из­мие из­бор­ни­от ре­зул­тат. Тол­ку од де­мо­кра­ти­ја­та. Или фе­де­ра­ли­за­ци­ја ка­ко што ве­ти­ле За­ев и Ше­ке­рин­ска или спон­зо­ри­те со Ка­са­ми и Се­ла ќе пој­дат и по нив­ни­те гла­ви.

Кол­ку цр­ни ми­ли­о­ни евра чи­нат гла­со­ви­те во Са­рај, Ара­чи­но­во, Брест, Та­ну­шев­ци? Исти­те овие акту­ел­ни „ба­сти­о­ни на СДСМ“ се за­пи­ша­ни во ко­ле­ктив­на­та ма­ке­дон­ска ме­мо­ри­ја ка­ко упо­ри­шта на бор­ци­те за от­це­пу­ва­ње. Ток­му за овие ме­ста „ти­тка­ше“ и Му­ха­мед Зе­ки­ри, но­ва­та „не­за­вис­на ѕвез­да“ на СДСМ уште на пр­вич­ни­те пре­бро­ју­ва­ња на гла­со­ви­те. Но, тие по­ра­ки не беа на­ме­не­ти за сла­ве­ње во СДСМ, ту­ку беа по­ра­ки со по­твр­ди до фи­нан­си­е­ри­те де­ка се ис­по­ра­чу­ва нап­ла­те­но­то. СДСМ до­се­га не од­го­ва­ра на јав­ни­те про­зи­вки да­ли се лег­на­ти огром­ни су­ми па­ри на сме­тки на фи­зич­ки ли­ца од нај­тес­но­то ра­ко­водс­тво на СДСМ и, исто та­ка, да­ли се лег­на­ти огром­ни су­ми па­ри на сме­тки на прав­ни ли­ца бли­ски до За­ев, СДСМ и Со­рос? Или, да­ли кам­па­ња­та на СДСМ и гла­со­ви­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци се нап­ла­те­ни со цр­ни па­ри од ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра?

Ал­бан­ска­та ди­јас­по­ра јав­но по­ра­ча де­ка гле­да спа­си­тел и ме­си­ја во За­ев, а во­да­чот Му­са Ља­ма­ла­ри со си­те по­че­сти бе­ше при­мен во се­ди­ште­то на СДСМ. Не­го­ви­те ба­ра­ња и за­ла­га­ња не се раз­ли­ку­ва­ат од акту­ел­на­та по­ну­да на СДСМ и од пла­тфор­ма­та што За­ев и Се­ла им ја прет­ста­ви­ја во Швај­ца­ри­ја. Јав­но­ста прес­ме­та­ла, а СДСМ не од­го­ва­ра да­ли за Скоп­ско, Ку­ма­нов­ско и Те­тов­ско, од­нос­но во из­бор­ни­те еди­ни­ци 1, 2 и 6, за 70 ил­ја­ди гла­са се по­де­ле­ни око­лу 30 ми­ли­о­ни евра, па­ри кои би­ле обез­бе­де­ни од до­на­то­ри, а де­ле­ни пре­ку вер­ски­те об­је­кти? Од­го­вор не­ма, а пос­ле­ди­ци­те ве­ќе се поз­на­ти.

Во Ара­чи­но­во СДСМ на­бро­ја 2.052 гла­са, нас­про­ти, за спо­ред­ба, 1.456 за ДУИ или 794 гла­са за Бе­са. СДСМ и Бе­са до­ми­ни­ра­ат во Са­рај; СДСМ со 2.973 гла­са, а БЕ­СА со 3.300 гла­са. Сту­де­ни­ча­ни ис­по­ра­ча 2.515 гла­со­ви за СДСМ, до­де­ка за Бе­са од­вои 2.024. СДСМ во Лип­ко­во нап­ла­ти 773 гла­са. Ду­ри и во Ча­ир, до­мот на Бе­са, бе­са­та на За­ев до­би 4.299 гла­са, пред Бе­са со 3.183 и ДУИ со 2.645 гла­са. И Ди­во На­се­ље, упо­ри­ште­то на те­ро­ри­стич­ка­та гру­па со исти це­ли, го да­де гла­сот за ка­у­за­та на За­ев. Ис­по­ра­ча­ни се гла­со­ви­те и во Брест, Го­шин­це, Слуп­ча­не, на гра­ни­ца­та со Ко­со­во, од ка­де што и се ве­ли де­ка се ра­ко­во­де­ло ова из­бор­но ин­же­нерс­тво пре­ку ко­сов­ско­то под­зем­је. Се­то на­бро­е­но на кон­то­то на СДСМ ис­по­ра­ча нај­мал­ку осум пра­те­ни­ци, во за­ме­на за пре­и­ме­ну­ва­ње, кан­то­ни­за­ци­ја, дво­ја­зич­ност, бу­џет­ска рас­пре­дел­ба, кон­сен­зу­ал­ност, по­ли­ции и вра­бо­ту­ва­ња по ет­нич­ки клуч и што ли уште не.

albanski-glasovi-za-sdsm-tabeli

Не­ма раз­ли­ка во пла­тфор­ми­те на Зе­ки­ри, Се­ла и на Ка­са­ми

Му­ха­мед Зе­ки­ри ги отво­ри кар­ти­те де­ка тој не бил „слу­чај­но во СДСМ“, од­нос­но де­ка не за џа­бе аги­ти­ра­ше и ка­ко но­ви­нар по ме­ди­у­ми­те, а по­тоа ка­ко пар­ти­ски член ги ор­га­ни­зи­ра­ше ал­бан­ски­те се­ла. Мо­ра да се ис­по­ра­ча ве­те­но­то и пла­те­но­то за под­др­шка­та од 70.000 гла­са. Об­вр­ска на Зе­ки­ри во ова из­бор­но ин­же­нерс­тво беа кон­та­кти­те и пре­не­су­ва­ње­то по­ра­ки, ме­ѓу дру­го­то, и со ко­сов­ско­то под­зем­је, со лу­ѓе со де­бе­ли до­си­е­ја и вр­ски со те­ро­ри­стич­ки гру­пи кои дејс­тву­ваа и во Ма­ке­до­ни­ја, во Брест и во Ди­во На­се­ље; ме­ста­та со та­зе са­мо­о­све­сте­ни со­ци­јал­де­мо­кра­ти. Тие се­га се на коп­че, акти­ви­ра­ни, пред, за вре­ме и по из­бо­ри­те.

– Во мо­мен­тот ко­га ќе за­бе­ле­жам ре­те­ри­ра­ње, ќе збо­ру­вам јав­но и не­ма да мол­чам би­деј­ќи ни­ко­му не му дол­жам. Не­ма да доз­во­лам цел­та за ко­ја се ан­га­жи­рав во овој по­ли­тич­ки суб­јект да би­де зло­у­по­тре­бе­на, да ме зло­у­по­тре­бу­ва­ат ме­не или гла­са­чи­те што гла­са­ле за не­го – ве­ли Зе­ки­ри за стран­ски ме­ди­у­ми.

Со­го­вор­ни­кот на Зо­ран За­ев од на­ста­пот во Берн, Швај­ца­ри­ја, пред­вод­ни­кот на ре­фор­ми­сти­те на ДПА, ко­а­ли­ци­ски дел од Али­јан­са­та на Ал­бан­ци­те, Зи­ја­дин Се­ла, наг­ла­су­ва де­ка не от­ста­пу­ва од тоа др­жа­ва­та да би­де би­на­ци­о­нал­на.

– Ние ќе се за­ла­га­ме ал­бан­ски­от ја­зик да би­де служ­бен на це­ла­та те­ри­то­ри­ја на Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја ќе би­де би­на­ци­о­нал­на др­жа­ва, ќе се до­не­су­ва­ат од­лу­ки со кон­сен­зус, ќе ја спро­ве­де­ме це­лос­но де­цен­тра­ли­за­ци­ја­та. Со ис­пол­ну­ва­ње на овие мер­ки, кои ќе би­дат ре­гу­ли­ра­ни со за­кон, Ал­бан­ци­те ве­ќе не­ма по­тре­ба да се пла­шат од тоа кој ќе би­де ид­ни­от пре­ми­ер – из­ја­ви Се­ла, кој за­мис­лил и кон­цепт во по­ли­тич­ка­та пла­тфор­ма за рас­пре­дел­ба на ра­бот­ни ме­ста спо­ред ет­нич­ка при­пад­ност.

– Ние ќе пред­ло­жи­ме и пра­вич­на рас­пре­дел­ба на ра­бот­ни­те ме­ста. На при­мер, во те­тов­ска­та по­ли­ци­ја да има вра­бо­те­но 80 про­цен­ти Ал­бан­ци, а та­ка ќе би­де во си­те ин­сти­ту­ции. Вра­бо­ту­ва­ње­то по ет­нич­ка ли­ни­ја ќе би­де ре­а­ли­зи­ра­но во за­вис­ност од тоа кол­ку Ал­бан­ци жи­ве­ат во одре­ден ре­ги­он – нај­а­ви Се­ла.

И дви­же­ње­то Бе­са, кое во за­че­то­кот со За­ев до­го­во­ри ре­де­фи­ни­ра­ње на др­жа­ва­та, си­от по­ли­тич­ки и пра­вен си­стем го те­ме­ли врз на­че­ло­то на кон­сен­зу­ал­ност. Од Бе­са се­га нај­а­ву­ва­ат ко­а­ли­ци­ра­ње за фор­ми­ра­ње тех­нич­ка вла­да за ре­ше­ние за име­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја. Тоа ре­ше­ние сме­та­ат де­ка би го реф­ле­кти­ра­ло мул­ти­ет­нич­ко­то оп­штес­тво во зем­ја­та, што, пак, е и пре­дус­лов за след­но­то ба­ра­ње, ин­те­гра­ци­ја во НА­ТО и поч­ну­ва­ње на пре­го­во­ри­те за евро­ин­те­гра­ции. По­тоа, сме­та Африм Га­ши, ге­не­рал­ни­от се­кре­тар на дви­же­ње­то Бе­са, мо­же да се ор­га­ни­зи­ра­ат но­ви из­бо­ри. Имај­ќи ги пред­вид грч­ки­те по­зи­ции и не­ги­ра­ња на сѐ што е ма­ке­дон­ско, за­ед­но со ма­ке­дон­ска­та кул­тур­на по­себ­ност, ка­ко и ус­ло­ву­ва­ња­та од дру­ги­те со­сед­ски ба­ра­ња, тоа зна­чи де­ка парт­не­ри­те на СДСМ, Бе­са, за­мис­лу­ва­ат ре­де­фи­ни­ра­ње со це­лос­но бри­ше­ње на ма­ке­дон­ско­то од Ма­ке­до­ни­ја.

Ка­де во овие по­ну­ди за пре­и­ме­ну­ва­ње и бри­ше­ње на ма­ке­дон­ско­то од др­жа­ва­та, ре­де­фи­ни­ра­ње кон би­на­ци­о­нал­ност, ет­нич­ка рас­пре­дел­ба на др­жав­ни­от бу­џет и про­пор­ци­о­нал­ност во вра­бо­ту­ва­ње­то во оп­штин­ски­те по­ли­ции и ин­сти­ту­ции го пре­поз­на СДСМ? Ед­но­став­но, За­ев на­бр­зо отка­ко ста­на ли­дер на СДСМ се отка­жа од па­три­о­тиз­мот до­да­вај­ќи де­ка „не му до­ли­ку­ва“. Тоа свое јав­но отка­жу­ва­ње од за­шти­та­та на сопс­тве­на­та др­жа­ва и по­ре­док го нај­а­ви, за по­тсе­ту­ва­ње, во те­ле­ви­зи­ско ин­терв­ју ток­му кај Му­ха­мед Зе­ки­ри.

akt224-sdsm-miting-2

Ќе по­ба­ра­ат ли Ка­са­ми и Се­ла рам­ко­вен до­го­вор од Ра­ма?

Не е тај­на де­ка Ти­ра­на е во по­сто­јан кон­такт и ко­ор­ди­на­ци­ја со ли­де­ри­те на пар­ти­и­те на ет­нич­ки­те пар­тии на Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја. Ду­ри и се­га, во нај­ран­ли­ви­от пер­и­од на Ма­ке­до­ни­ја, по пла­те­но­то ин­же­нерс­тво на из­бор­ни­от про­цес кој тре­ба­ше да до­ве­де до из­лез од кри­за­та, ал­бан­ски­от пре­ми­ер Еди Ра­ма ги по­ви­ка кај се­бе ли­де­ри­те на по­ли­тич­ки­те пар­тии на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци од Ма­ке­до­ни­ја. За кон­сул­та­ци­и­те ка­ко тие да се по­ста­ват пред фор­ми­ра­ње­то на но­ва­та из­врш­на власт во Ма­ке­до­ни­ја, тие мол­чат, а Ра­ма со­оп­шти де­ка им ја ука­жал по­тре­ба­та „да нај­дат си­ла“ за да се обе­ди­нат во „за­ед­нич­ка­та аген­да“, „да за­ста­нат на стра­на­та на ин­те­ре­си­те на си­те Ал­бан­ци“,а врв да би­де Охрид­ски­от рам­ко­вен до­го­вор. Ова не е ни­што дру­го ту­ку ди­рект­но ме­ша­ње на Ра­ма во по­ли­тич­ки­от жи­вот во Ма­ке­до­ни­ја. Ин­те­рес­но е тоа што во под­го­то­вка на оваа сред­ба, во Ти­ра­на сле­та Џон Бре­нан, ди­ре­кто­рот на аме­ри­кан­ска­та ЦИА, кој се ин­те­ре­си­рал за по­ши­ро­ки­от ре­ги­о­на­лен без­бед­но­сен кон­текст.

Ра­ма има по­сто­ја­на пра­кти­ка да се ме­ша во вна­треш­ни­те ра­бо­ти на Ма­ке­до­ни­ја во мо­мен­ти на до­не­су­ва­ње важ­ни од­лу­ки, што не­ре­тко би­ло над­гра­де­но со ди­рект­ни за­ка­ни по евро­ат­лан­ски­те ин­те­гра­ции на др­жа­ва­та. Но, тоа што не­до­сти­га на овие сред­би е што се­ко­гаш се наг­ла­су­ва­ле по­до­бру­ва­ње на пра­ва­та на Ал­бан­ци­те во Ма­ке­до­ни­ја, но ни­ко­гаш ни­ту Ра­ма ни­ту по­ли­ти­ча­ри­те од Ма­ке­до­ни­ја не го отво­ри­ле пра­ша­ње­то за чо­ве­ко­ви­те пра­ва на Ма­ке­дон­ци­те во Ал­ба­ни­ја.

Не са­мо што со ве­штач­ки кре­и­ра­ни те­ри­то­ри­јал­ни по­дел­би на ма­ке­дон­ска­та за­ед­ни­ца во Ал­ба­ни­ја им се од­зе­ме­ни две од три­те оп­шти­ни, ту­ку ду­ри и та­му де­ца­та го изу­чу­ва­ат ма­ке­дон­ски­от ја­зик до че­твр­то од­де­ле­ние. Ра­ма за­бо­ра­ва де­ка во Под­гра­дец, оп­шти­на со огром­но ма­ке­дон­ско на­се­ле­ние, не­ма ни­ту еден од нив вра­бо­те­но во ло­кал­на­та упра­ва. Ра­ма и ли­де­ри­те од Ма­ке­до­ни­ја во­оп­што не раз­го­ва­ра­ат де­ка Ма­ке­дон­ци­те ба­ра­ат приз­на­ва­ње во це­ла Ал­ба­ни­ја. Пред сѐ, ба­ра­ат да го ужи­ва­ат пра­во­то за уче­ње на ма­ке­дон­ски­от ја­зик во др­жав­ни­те учи­ли­шта во Го­ло Бр­до, Го­ра и се­ка­де ка­де што жи­ве­ат зна­чи­те­лен број Ма­ке­дон­ци.

Со­ци­ја­ли­стот Ра­ма пред раз­го­во­ри­те со чел­ни­ци­те на ет­нич­ки­те Ал­бан­ци од Ма­ке­до­ни­ја за­бо­ра­ва де­ка и са­ми­от ве­ту­ва­ше по­го­ле­мо вни­ма­ние за пра­ва­та на мал­цинс­тва­та, ка­ко дел од из­бор­на­та пла­тфор­ма, а ка­ко по­бед­ник на ле­ва­та ко­а­ли­ци­ја до­би че­сти­тка од ма­ке­дон­ски­те друш­тва кои од не­го по­ба­раа да им по­мог­не на Ма­ке­дон­ци­те во Ал­ба­ни­ја. Ка­ко по­тсе­ту­ва­ње за Ра­ма, но и за Се­ла и за Ка­са­ми, иа­ко по­сто­ја­но се не­ги­ра бро­јот на Ма­ке­дон­ци­те во Ал­ба­ни­ја, ду­ри и Ра­ма знае де­ка са­мо во Ти­ра­на жи­ве­ат око­лу 30.000 Ма­ке­дон­ци, а нив­ни­от број не за­о­ста­ну­ва ни­ту во Ел­ба­сан или Драч. Ма­ке­дон­ци­те во Ал­ба­ни­ја не ба­ра­ат рам­ков­ни до­го­во­ри, тие се ло­јал­ни гра­ѓа­ни, но ба­ра­ат од др­жа­ва­та да им се по­чи­ту­ва­ат оп­шти­те чо­ве­ко­ви пра­ва пред­ви­де­ни во ме­ѓу­на­род­ни­те кон­вен­ции. Овие ба­ра­ња на Ма­ке­дон­ци­те во Ал­ба­ни­ја мо­же да би­дат и пр­ва­та за­ед­нич­ка пла­тфор­ма со ко­ја Ка­са­ми и Се­ла след­ни­от пат ќе на­ста­пат пред Еди Ра­ма.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This