March 29, 2024, 12:30 pm

СО ЧАЛАМ ЌЕ СТАНЕЛ ГРАДОНАЧАЛНИК: Погледнете зошто кандидатот на СДС во Кисела Вода, Филип Темелковски експресно ја избриша оваа слика!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кандидатот на СДСМ за градоначалник на скопската општина Кисела Вода, Филип Темелковски вечерва на својот ФБ профил објави неколку фотографии од средбата со поранешни и сегашни пратеници и кандидати за градоначалници, но притоа таблата во позадина го откри неговиот план за тоа како тој и СДСМ планирале да победат во Кисела Вода.

Таблата од фотографииите објавени на неговиот ФБ профил го откри планот на СДСМ за победа во Кисела Вода. Откако Темелковски увиде дека во позадина на фотографиите е нивниот план, панично ги отстрани истите, но без успех, бидејќи истите оние кои тој ги избриша, ние ги објавуваме поради тоа што одредено време беа достапни на неговиот профил.

Според нивниот план, Темелковски и СДСМ во Кисела Вода ќе победеле со чалам и бизнис поддршка, како што стои на таблата во општинскиот комитет. Чалам, еуфорија и бизнис поддршка, што според некои значи рекет, се дел од она што може да се забележи на фотографиите, кои Темелковски ги отстрани, надевајќи се дека нема да стигнат до очите на јавноста, но за негова жал, безуспешно.

Дополнително, ваквиот план покажува дека во битката за гласови СДСМ и нивните кандидати првично ќе се потпираат на закани со МВР кое го раководи Оливер Спасовски, како и притисоци врз земјоделците и социјално загрозените лица. Дел од медиумите веќе пишуваа дека СДСМ планира фалсификат на локалните избори со помош на партиската полиција и криминалци од соседството.

По низата антидржавни политики, единствен спас за подобар резултат на претстојните локални избори Заев и СДСМ гледале во злоупотребување на МВР, кое интензивно се партизира од страна Спасовски, како и мафијашкото подземје од Македонија и Косово, кое според одредени медиуми треба да го активира Мухамед Зекири. Целта е полнење на кутии, заплашување на гласачи и операција која Заев ја држел во тајност, а за која самиот велел дека била подготвувана од надвор.


4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This