СО ШТО ГИ ЗАДОЛЖИ ЗАЕВ АЛБАНЦИТЕ: Диво Насеље, Сарај, Арачиново, Студеничани-секаде каде што 2001 имаше терористи, победи Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Речиси 20.000 гласа, кои опозицискиот СДСМ ги освоил повеќе отколку ВМРО-ДПМНЕ во Првата изборна единица, како и зголемениот број гласови во останатите пет единици, се клучни за резултатот што го постигна опозициската коалиција.

sdsm-albanci-5-640x360

Социјалдемократите победија само во првата изборна единица, а во сите други триумфирала коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Владејачката партија, практично, во сите изборни единици помалку или повеќе освоила ист број гласови како и на изборите пред две години. Гласовите што на своето конто ги ставил СДСМ очигледно произлегуваат како од оние што им ги дале Албанците од скопското подрачје така и од оние што им ги дале граѓаните што сега излегле на гласање во поголем број отколку на гласањето во 2014 година, плус гласовите на македонските Албанци кои завршиле на сметката на СДСМ.Според податоците, во ИЕ 1 за опозициската коалиција во неделата гласале 92.190 граѓани, а за ВМРО-ДПМНЕ 72.833. За споредба, пред две години опозицијата освои само 58.091 глас или 34.099 гласа помалку. Владејачката партија, пак, тогаш освоила 73.554 гласа, што е за околу илјада повеќе отколку завчера, пишува Република.мк.
Од друга страна, податоците од гласачките места во околината на Скопје во средините што се населени со доминантно албанско население покажуваат дека значителен број етнички Албанци го дале својот глас за опозицијата. Инаку, вкупните процени се дека за опозициската партија гласале меѓу 30 и 40.000 албански гласачи во целата земја, а „Алијансата на Албанците“ смета дека станува збор за 70.000 гласа.

Најубедлив пример за ова е скопската општина Сарај, каде што за СДСМ гласале значителни 2.973 граѓани. Таму победила владејачката ДУИ со 6.615 гласа, а зад неа била Беса со 3.330 гласа. Зад СДСМ со значително помалку гласови останале ДПА и „Алијансата за Албанците“, кои имаа помалку од две илјади гласа.

Следува општина Студеничани, во која за СДСМ гласале 2.515 граѓани. Тоа е значително повеќе отколку што добила владејачката партија ДУИ – 1.244 или, пак, опозициската ДПА – 1.381. Помалку гласови од социјалдемократите тука освоила и Беса – 2.024. На контото на ВМРО-ДПМНЕ тука биле собрани само 686 гласа.Типичен пример е и гласањето во Арачиново каде што најголемата опозициска партија освоила дури 2.052 гласа, значително повеќе отколку останатите албански политички партии. Далеку зад СДСМ остана ДУИ, која добила поддршка од 1.456 граѓани, Беса со 794, „Алијансата за Албанците“ – 723 и ДПА со 277 гласа. Своевидно изненадување е и тоа што најголемата опозициска партија освоила второ место во досегашниот бастион на ДУИ, скопската општина Чаир. Таму победила Беса со 5.405 гласа, а за СДСМ се изјасниле 4.270, што е повеќе од резултатот што го оствариле интегративците со 4.209 гласа.

Споредувањето со изјаснувањето во другите изборни единици и гласачки места во кои доминантно живее албанското население покажува дека поддршката на албанското население од Скопско била најизразена.

Така, на пример, во Боговиње за македонската опозиција гласале 1.044 граѓани, во Желино – 387, Липково – 773, а во Велешта шеесетина гласачи. Згора на ова, причина за зголемениот број гласови на СДСМ е и во фактот дека оваа партија значително го зголемила број на гласови во останатите изборни единици каде што инаку победила ВМРО-ДПМНЕ. Најголемо зголемување на гласови опозицијата остварила во шестата изборна единица – 34.099 гласа, а потоа и во втората изборна единица, во која забележала 29.234 гласачи повеќе отколку пред две години. Во петата ИЕ тоа зголемување е за 25.650 гласа, во четвртата 24.776, во петтата – 24.121.

Како гласаше Диво Насеље

Тесна победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на ниво на втората изборна единица, е уште потесна на СДСМ на ниво на општина Куманово. Социјалдемократскиот сојуз на предвремените парламентарни избори во Куманово освои 22 216 гласа наспроти 20 677 на ВМРО-ДПМНЕ, анализира ТВ НОВА.

zaev3divonaselje INFOMAKS

Во споредба со предвремените парламентарни и претседателски избори од 2014 ВМРО-ДПМНЕ освои 210 гласа повеќе додека противничкиот табор – СДСМ успа да го зголеми изборното конто за неверојатни 7 058 гласа. Највидливи се разликите во урбаните албански заедници како што е Тоде Мендол или т.н. Диво Насеље.

Во населбата која што стана позната по немилите настани од 9 мај 2015, претходно изборно упориште на ДУИ овој пат убедлива победа оствари Социјалдемократскиот сојуз.

terorsiti_kumanovo_sud4 INFOMKA

Во Тоде Мендол се гласаше на 15 избирачки места од бр. 1031 до 1042/ 1.

ВМРО-ДПМНЕ и тука ја задржала базата на гласачи во 2014 освоила 852 гласа на последните избори 809 што е помалку за 43 гласа. Социјалдемократскиот сојуз од 690 гласа во 2014 скокнал на 1424 придобивајќи 734 гласа. За сметка на тоа ДУИ загубила 935 од 1720 гласа во 2014 на 7885 во 2016.

zaev_spasov_divonaselje-640x361

Новина е БЕСА со 1177 гласа.

СДСМ не се прослави само во Диво Насеље. Победи и во Сарај, Арачиново, Брест, Чаир. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека имаат стабилна предност во однос на СДСМ кои што на овие избори во голем дел, околу 70 000, ги надоместил со поддршката од албанското гласачко тело.

divo-naselje-1-520x339

Во коалицијата за подобра Македонија се убедени дека гласовите се резултат на додворувањето на Албанците со ветувањата за поголеми права и национална употреба на албанскиот јазик. Меѓутоа и со бомбастичните најави дека во случај да победи СДСМ ќе ја обелодени вистината за случувањата во Диво Насеље. Претходно лидерот на СДСМ побара мерката притвор да не се користи селективно и дел од притворените меѓу кои и обвинетите за тероризам во Диво Насеље да бидат ослободени, а ден по немилите настани во 2015 заедно со техничкиот министер за внатрешни работи насмеани се фотографираа со жители од Тоде Мендол.

Во дводневните борби животите ги загубија 8 македонски полицајци, а 42 беа повредени. На најголем дел од куќите не се забележува трага од случувањата и се реновирани со средства од донации и пред се учество на Владата на РМ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This