April 19, 2024, 12:41 pm

СПАСОВСКИ:Иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност сублимат на активностите во Западен Балкан

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зајакнување на соработката меѓу земјите од Западен Балкан во борбата против тероризмот, насилниот екстремизам и организираниот криминал, како и зголемување на граничната безбедност е исходот од иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност (ИИЦГ).

Министерството за внатрешни работи на Македонија беше домаќин на третиот состанок на Управниот одбор на иницијативата за интегрирано управување со внатрешната безбедност.

Во Скопје денеска на министерската конференција во рамки на Брдо Процесот се одржа третиот состанок на Управниот одбор на иницијативата, чиј домаќин и коорганизатор, заедно со словенечкото претседателство со Брдо процесот, е токму МВР на Македонија.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на прес-конферецијата по завршувањето на состанокот потсети дека со заклучоците на Советот на ЕУ за зајакнување на надворешната димензија на внатрешната безбедност од декември 2016 година всушност е дадена согласност да им се даде приоритет на активности за развивање посеопфатен механизам за спроведување на безбедносни прашања во регионот на Западен Балкан на начин на кој ќе биде компатибилен со пристапот во рамки на европскиот циклус на политики.

„Денеска ми беше задоволство да бидам домаќин на своите колеги, министри за внатрешни работи на Босна и Херцеговина, Косово, Хрватска и Словенија, мои почитувани пријатели и партнери на патот кон европската интеграција на нашата земја“.

Ова денес, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни Оливер Спасовски во својата изјава за јавноста, а по повод одржувањето на состанокот на Управниот одбор на ИИСГ во рамки на Брдо Процесот, чии што домаќин беше нашето министерство во коорганизација со словенечкото претседателство со Брдо Процесот.

Притоа министерот Спасовски заблагодарувајќи им се за учеството на сите колеги и шефови на делегации, особена благодарност упати до министерот за внатрешни работи на Република Словенија, Боштјан Поклукар за укажаната доверба оваа средба да се организира во Македонија.

Министерот Спасовски во поглед на самиот состанок нагласи дека следствено заклучоците на Советот на ЕУ за зајакнување на надворешната димензија на внатрешата безбедност од декември 2016 година, даден е приоритет на активности за развивање на посеопфатен механизам за справување со безбедносните прашања во регионот на Западен Балкан на начин кој ќе биде компатибилен со пристапот реализиран во рамки на Европскиот циклус на политики.

“Развојот на интегративниот и комплементарниот пристап во борбата против теpоpизмот и наcилниот екстpемизам се разви во еден цел концепт за интегративно управување со внатрешната безбедност во Западен Балкан. Со ова теpоpизмот и наcилниот екcтреми3ам беше инициран во прв столб во оваа Иницијатива, кон кој што се припоија уште два други: столб за боpба против организиран кpиминал и столб за гранична безбедност“, појасни Спасовски.

“Денешната средба, односно состанокот на Управниот одбор на оваа Иницијатива имаше за цел донесување одлуки за натамошниот развој на самата Иницијатива, и директно проширување на составот на Групата за поддршка на ИИСГ со претставници од Западен Балкан.

Воедно, одредени промени беа направени и во координцијата на Групата за поддршка. Во основа, ИИСГ има за цел на едно место да ги сублимира сите активности на Европската унија и на меѓународните и регионалните организации во регионот на Западен Балкан, притоа значително придонесувајќи кон координацијата на напорите и активностите во овој дел од Европа, но и избегнувајќи на тој начин, евентуално непотребно дуплирање на исти активности реализирани од меѓународна или регионална организација во овој регион“, потеницираше

Словенечкиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар изрази задоволсто што конференцијата се одржува во Скопје и ја потенцира важноста за соработка меѓу државите од регионот во сферата на внатрешната безбедност преку оваа региионална платформа.

-Преку зајакнување на соработката успешно да се соочиме со предизвиците во регионот на Западен Балкан, рече Поклукар и додаде дека иницијативата ефикасно ги поддржува земјите од регионот во нивните напори за исполнување на европските стандарди во сферата на безбедноста.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This