СПАСОВСКИ:Омразата, односно ксенофобичноста отсекогаш била туѓа на македонскиот граѓанин и општество . МВР тој вид на омраза благовремено ќе го детектира и бескомпромисно ќе го спречи во својот корен

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

“Едно општество, односно еден систем не се вреднува по квантумот на институции, на закони, или по бројноста на население, на ресурсите, на разноразните статистики кои што се толку менливи и променливи. Вистинските вредности доаѓаат од дејствителната способност на општеството да го прифати и почитува различното, да ја препознае и негува индивидуалноста исто како и колективноста, да ги штити, апсорбира и негува човечките надежи, стремежи, перспективи и амбиции“.

Ова меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во своето денешно поздравно обраќање на Регионалната конференција посветена на темата “Одговoр кон антисемитските злосторства од омраза и решавање на безбедносните потреби на заедниците“, што во организација на Министерството за надворешни работи на Република Македонија и мисијата ОБСЕ-ОДИХР во Република Македонија се одржа денес во Скопје.

Потенцирајќи дека омразата, односно ксенофобичноста отсекогаш била туѓа на македонскиот граѓанин и општество министерот Спасовски нагласи дека- “Еврејската заедница овде во Македонија е тесно вткаена во севкупниот живот и развој на Македонецот и нашето општество, таа е суштински дел од нас, од овдешната култура, традиција и воспитание. Нејзиниот печат е длабок и драгоцен и ние тоа знаеме и сакаме да го чуваме. И заради себе самите и заради нив, како наши сограѓани и пријатели. И токму заради таквото наследство, заради тој дар оставен од нашите претци, ние сме должни да бидеме и натаму будни, подготвени за брз, ефикасен, одговор на институциите кон сите обиди или трендови за појава на каква и да е омраза“.

Министерот Спасовски посочи дека од страна на Министерството за внатрешни работи таквиот вид на омраза ќе биде благовремено детектиран и бескомпромисно спречен во својот корен, истовремено порачувајќи дека не само МВР туку и сите останати институции во Република Македонија се широко отворени за сите иницијативи и идеи во насока на заедничко превенирање на таквите тенденции.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This