(Документ)СПАСОВСКИ БАРА PAЗPEШУBAЊE НА МИЗРАХИ: По барање на Грција, техничкиот премиер бара Собранието да ја paзpeши Рашела Мизрахи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Техничкиот премиер Оливер Спасовски по барање на Грција бара разрешување на министерката за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи. Очигледно, и нему многу му пречела таблата со уставното име кое СДСМ насила го смени, без дозвола од народот на Референдумот. На СДСМ им текна за Уставот кој насила го сменија дури по вербалната нота на Грција која реагираше за Мизрахи, толкуваат експертите .

Како што информираат од Владата, предлогот за разрешувањето на Мизрахи бил доставен до Собранието поради кршење на Уставот.

„Премиерот и Владата имаат обврска да обезбедат заштита на Уставот на Република Северна Македонија. Имајќи предвид дека министерката Мизрахи свесно и намерно го крши Уставот и со тоа ја загрозува евроатланската иднина на земјата, премиерот до Собранието достави предлог за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Мизрахи“, информираат од Владата.

Претходно, и министерот за надворешни работи Никола Димитров, потписникот на т.н. преспанска капитулација или Преспански договор му сугерираше на Спасовски да предложи до Собранието разрешување на Мизрахи.

„Доколку министерката Мизрахи веднаш своето делување не го врати на линија и во рамките на Уставот, му сугерирам на претседателот на Владата, Оливер Спасовски, да предложи нејзино разрешување до Собранието. Укажувам дека во нејзиното делување има и елементи што можат да повлечат кривична одговорност по член 353 и член 390 од Кривичниот законик, но тоа е веќе работа во деолкруг на други државни органи“, рече министерот Димитров.

Мизрахи вчера кажа дека нема намера да ја менува таблата со името Република Македонија, па дури и е подготовена да плати казна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This