Спасовски: Влaдaтa нa СДСМ зa 4 години во Куманово влoжи нaд 120 милиoни eвpa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Потпреседателот на СДСМ и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска потсети дека Куманово 11 години не падна пред режимот, гордо му пркосеше, опстои и остана како град на револуцијата.

„Куманово ќе победи и сега, бидејќи Куманово е социјалдемократски град, а Оливер Илиевски е единствениот кандидат социјалдемократ. Сигурен сум во тоа, бидејќи сум сигурен во вас, мои кумановци! Бидејќи сум сигурен во Оливер Илиевски – најдоброто за Куманово!“, потенцираше Спасовски.

Тој уште еднаш го истакна фактот што за 11 години владење на режимот на ВМРО-ДПМНЕ тогашната централна власт има направено само две тениски игралишта.

„Крваревме, се боревме, го урнавме режимот и со промена на Власта заеднички се согласивме – на Куманово треба да му се помогне, да му се врати сѐ она што му беше одземено за време на режимот. Создадовме клима на меѓуинституционална соработка помеѓу институциите на централно и на локално ниво и се реализираа огромен број на проекти за Куманово со помош на Владата.“, направи јасна дистинција Спасовски.

Тој презентираше дел од проектите кои Владата на СДСМ ги има имплементирано во Куманово овие 4 години, за што се потрошени 120 милиони евра за регионални и локални патишта, изградба на фекална канализација, спортски сали…

Спасовски посебно се осврна на неговото минатогодишно ветување за реконструкција на три важни проекти: познатата Соколана, спортската сала и Спомен-костурницата кои веќе се реализираат.

„Затоа драги мои Кумановци, повеќе од важна е комуникацијата и соработката меѓу локалната и централната власт. Затоа Оливер Илиевски и неговиот тим цела година го скенираа и анализираа Куманово, секое негово маало, секоја негова уличка, секој негов паркинг, секој негов граѓанин. Имаат програма со проекти и решенија за целосен развој на Куманово какво што треба да биде. Европски, модерен, урбан град, град на соживотот. Тоа е Куманово, градот на револуцијата!Затоа со новиот градоначалник Оливер Илиевски ќе продолжиме да работиме на сите проекти за кои централната власт може да помогне“, финално потенцираше Спасовски.

Кандидатот за градоначалник Оливер Илиевски, кажа дека доколку ја добие поддршката на граѓаните акцент ќе стави на зелената агенда и на промовирање на Куманово во зелен град со проектот „Мој еколог“, со кој планира хортикултурно уредување на секоја слободна површина, и двојно повеќе зеленило за секој нов квадрат на бетон и гасификација на домаќинствата.

„Современиот начин на живот бара современи инфраструктурни решенија прилагодени на времето во кое живееме. Затоа во програмата „Најдоброто за Куманово“ во мандатниот период 2021 – 2025 година планираме продолжување на булеварот „Октомвриска револуција“ и негово поврзување со автопатот Е – 75 со што ќе се растерети сообраќајот и ќе се овозможи брз проток на возила, односно ќе се избегне метежот низ центарот на градот. Само од буџетот на општината предвидуваме околу 60 милиони денари годишно, односно околу еден милион евра на годишно ниво за изградба на нови и реконструкција и проширување на постојните сообраќајници, со што ќе ја зголемиме безбедноста на учесниците во сообраќајот и ќе го подобриме сообраќајниот крвоток на градот“, кажа Илиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This