СПАСОВСКИ ГИ ЕКИПИРА ПАРТИСКИТЕ ПОТТРЧКОВЦИ ВО МВР: Спасовски поставува партиски поттрчковци и ги деградира вистинските професионалци!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Незаконски преместувања, поставување на партиски поттрчковци и припрема на полицијата за реализирање на голем изборен фалсификат е во полн ек, откако на чело на СДС застана Оливер Спасовски. По иницијалните 1.000 решенија за вработување и преместување, продолжува злоупотребата на овластувањата во поставувањето на партиски поттрчковци во секторите за внатрешни работи низ цела Македонија, а се интензивираат и притисоците врз професионалците од кои началниците поставени од Спасовски бараат доброволно да се откажат од функциите, во спротивно се изложени на мобинг и деградација

Фејсбук групата „МВР партиски штаб“ објави нов текст за случај со злоупотреба на полицијата во ПС Делчево, под ингеренции на СВР Струмица и Танчо Пројковски.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]На 05.10.2017г.од страна на Началникот на СВР-Штип Љупчо Трајковски и Началникот на Одделението за крим.полиција Аризанков Ристо во ПС Делчево се врачени две наредби од Министерот Спасовски за прераспоредување со кои е извршена кадровска промена на Началникот на Надворешната канцеларија на крим.полиција во ова полициска станица.Со истите е променет Началникот Дарко Стоименовски кој во изминатиот период испорача натпросечни резултати и на негово место е поставена Лејла Анакиевска помлад инспектор по општ криминал. Промената е незаконска и спротивна на Законот за кариера бидејки Лејла е унапредена за четири нивоа, а нејзина единствена заслуга е тоа што нејзиниот сопруг, вработен во судска полиција во Основен суд Делчево е активист на СДС во овој град.
Стоименов со наредба од минестерот Спасовски е поставен како Виш инспектор за економски криминал кое место НЕ Е упразнето и кое исто така е незаконско и е уназадување за две нивоа.
Началникот на СВР, Трајковски во два наврати од Стоименов се обидел да изнуди самиот да си потпише барање за да биде преспореден на пониско работно место но истиот го одбил и затоа на 10 дена пред Изборите спроведуваат целосна партизација на СВР Штип, а со која манефистираат сила над останатите вработени и локалното население, а со поставување на неискусен и партиски кадар обезбедуваат терен за идни изборни нерегуларности.
За кривичните дела кои ги вршат, Злоупотребувајки ја службената положба и овластување, ќе понесат одговорност сите инволвирани службени лица, до Министерот за внатрешни работи.
Очекуваме претставниците на странските мисии објективно и принципиелно да реагираат на масовното прекршување на системот на кариера како и на распоредувањата кои се вршат во ислови на изборна кампања. Еклатантни примери и за политичка корупцика покрај кршењето на кривичниот закон. – стои во текстот на ФБ групата „МВР партиски штаб“[/kopa_block_quote]

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This