April 16, 2024, 11:06 pm

СПАСОВСКИ ЗАБОРАВИ НА БАРАЊАТА ОД ОБСЕ/ОДИХР: Каква е улогата на Оливер Спасовски на овие избори?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Каква е улогата на Оливер Спасовски на овие избори

СДСМ изгледа многу брзо ги заборави барањата кои преку ОБСЕ ги испорачуваше како опозиција, а се однесуваа на ограничувањата за министерот за внатрешни работи за време на изборни кампањи. Преку Фуере, ОБСЕ, ОДИХР па се до Брисел, СДСМ бараше министерот за внатрешни да не се ни кандидира за пратеник ни за носител на листа на политичка партија, да не настапува на митинзи, да не учествува во кампања и да презентира проекти во општини со цел да не биде од корист на кандидатот од партијата од која доаѓа и останати ограничувања. Но, што се случи откако го добија местото технички па политички министер за внатрешни? Оливер Спасовски беше ем министер ем носител на листа за СДСМ, учествуваше во кампањите за градоначалник на Скопје, Куманово и секаде низ Македонија како министер за внатрешни, а веќе 2 недели е во секојдневна кампања за кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски, најчесто во тек на работно време, со службени возила и со службено обезбедување, видно од сите слики и видеа објавени на социјалните мрежи.

Согласно систематизацијата на МВР, министерот има статус на овластено службено лице и со овие активности Оливер сака да прикаже дека полицијата и стои на располагање на сите оние кои ги поддржуваат политиките на СДСМ. Како дел од политичка партија Оливер на овие избори е дел од изборниот штаб со неколку задачи. Прво, да има комуникација со микротаргетирано население од Дебарско- Реканскиот крај, албанци и муслимани кои живеат на периферијата на Велес, Прилеп, Охрид како и да се залага за решавање на лични барања на население од овие краеви за работи од ингеренции на МВР.

Но, дел од неговата агенда, особено за Охрид и охридско, е улицата Гоце Делчев, која започнува на крајот на охридската чаршија и завршува практично со стариот пат за Струга. Овде живее претежно албанско население кое заедно со советникот од ДУИ во општина Охрид Нефи Усеини, со кого и имаа промоција на кандидатот за градоначалник од СДСМ во еден од рестораните на тој дел од градот, би можело да го организираат со изборна корупција да гласа за Пендаровски и за Георгиески.

Дали овојпат Жбогар, ОБСЕ и ОДИХР, а се разбира и ДКСК ќе бидат ажурни во реагирањрето за учество во кампања за Претседател на еден министер за внатрешни останува да видиме. Инаку возилата со кои се превезува се службени на МВР, а имаат регистерски табли од одјавени возила со цел да не бидат идентификувани

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This