СПАСОВСКИ: Извештајот е охрабрувачки сигнал дека ЕУ ќе постигне согласност за позитивна одлука

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Извештајот на Европската комисија е охрабрувачки сигнал дека сите земји членки на Европската Унија ќе постигнат согласност за позитивна одлука за отворање на преговори колку што е можно побргу како признание за реформите и за политичката одговорност на земјата да остане верна на европските вредности и на спроведувањето на договорот од Преспа и на договорот со Бугарија, истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната средба со министерот за надворешни работи на Република Кипар, Никос Кристодулидес.

Од владината прес-служба соопштија дела Спасовски на средбата, во негово име и во име на Владата, го истакнал задоволството од неодамна воспоставените дипломатски односи со Република Кипар, и нагласил дека е од големо значење тоа што Владите на двете земји се залагаат да се развие соработката во сите области од заемен интерес.

– Северна Македонија е подготвена целосно да ги интензивира процесите за развој на добри пријателски и сеопфатни односи со Кипар, и во таа насока е првата иницијатива за потпишување на договор за ослободување од двојно оданочување помеѓу двете земји, нагласи премиерот.

Кристодулидес на средбата изразил безрезервно уверување дека неговата земја, како и до сега, ќе го поддржи донесувањето на одлука за старт на преговорите на ЕУ со С. Македонија и заради фактот на одржување на континуитетот на реформските процеси и за доследно спроведување на договорите со Грција и Бугарија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This