Спасовски: Имавме изборен ден со незначителен број на неправилности

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски им се заблагодари на граѓаните и на припадниците на МВР за успешно спроведените избори.


„На сите граѓани им честитам за денешниот изборен ден кој што мина во една мирна и фер атмосфера како што доликува на една демократска и слободна земја. Истовремено им се заблагодарувам на сите припадници на МВР коишто и овој пат како пред две недели одговорно ги извршија своите работни задачи“, изјави министерот Спасовски.

Спасовски соопшти дека биле регистрирани три случаи на фотографирање на гласачкото ливче во село Другово кичевско, во основно училиште Кузман Јосифовски Питу во Скопје и Неготино.

Во Неготино едно лице на паравнот напишал бројка.

Пријавени биле и четири случаи на наводно агитирање и при преземените мерки утврдено е дека пријавите се неосновани.

Исто така имало и две пријави за организирано носење на гласачи, при што за избирачкото место во Битола е утврдено дека пријавата е неоснована, додека за избирачкото место во Кочани се превземаат соодветни мерки за расчистување на случајот.

„Имавме изборен ден со незначителен број на неправилности и без нарушување на јавниот ред и мир“, истакна министерот Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This