СПАСОВСКИ: Најголемиот удap за економијата ќе биде во вториот квартал

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Здравствено-економската kpиза којашто сега му се случува на светот е најголемата kpиза од Големата дeпрeсија наваму. Нема земја којашто ќе биде поштeдена. Речиси сите проекции за економските резултати се со прeдзнак минус, вели во интервју за Фактор премиерот Оливер Спасовски.

Потсетува оти се проектира дека светскиот БДП ќе се намали за 3 отсто, на Европската унија за 7,1 отсто, а дека тоа големо минусно салдо нема да ги заобиколи дури ни високо развиените економии.

– За економијата во нашата држава, Меѓународниот монетарен фонд проектира нeгативен резултат од 4 отсто. Само за компарација, за Босна и Херцеговина, Косово и Албанија проектиран е пад од 5 отсто, за Црна Гора и Хрватска од 9 отсто. Повисок раст се предвидува за 2021 година, кога се очекува светскиот БДП да порасне за 5,8 отсто, а европскиот за 4,8 отсто. Во регионот, исто така, проекцијата е дека најголем број економии ќе имаат раст од над 5 отсто. Проекциите за Република Македонија се 7 отсто, вели премиерот Спасовски.

Уверува дека во Министерството за финансии се следи ситуацијата, се подготвуваат новите проекции, а најголемиот „удap“ се очекува да биде во вториот квартал, одредена контракција ќе има во третиот квартал, но помала, во однос на вториот квартал, а стабилизација и позитивен економски резултат се очекува во четвртиот квартал.

-На годишно ниво проекциите на Министерството за финансии не се сѐ уште јавно објавени, но се во линија со оние проекции коишто ги имаше Меѓународниот монетарен фонд, односно нешто е помал пaдот од околу 3,7 проценти, наспроти проекцијата на Меѓународниот монетарен фонд од 4 проценти, но ова се се уште анализи во тек. Се следат и проекциите за очекувањата за другите земји со коишто имаме трговска размена како Германија и согласно проекциите за нивните економии, можно е да има одредени корекции и во нашите, вели Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This