СПАСОВСКИ: На Македонија не ѝ е потребен консензуален претседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрепни работи Оливер Спасовски во отвореното студио на 1ТВ рече дека СДСМ како партија е во процес во кој сите размислуваат каков претседател ѝ е потребен на Република Македонија. Негова лична желба е да изберат најдобар можен кандидат кој ќе биде и најдобар претседател на РМ.

Објавен е јавен повик и постапка по месните организации, врз основа на статутот, па кандидатот се бира по процедура која тече. Сакаат низ процес на дебата со членовите да дојдат до најдобриот кандидат. На Република Македонија и треба храбар визионер кој ќе ги поддржува членството во НАТО и ЕУ, кој ќе ја реформира функцијата претседател во однос на тоа што е сега.

До 3 март кога ќе се објави одлуката на партијата, тој очекува кандидатите што имаат желба да учествуваат на претседателските избори да го објават тоа во јавноста. Разговараат во партијата, со коалиционите партнери и се следат анкетите за да се најде кандидат кој би бил прифатлив за сите, затоа што во моментов пред почетокот на процедурата за членство во ЕУ и членството во НАТО важно е да победи европската опција.

Според Спасовски, постапката во СДСМ е најтранспарентна и најдемократска, затоа што почнува уште од месните одбори и општинските организации, објавен е јавен повик на кој може да се пријават кандидатите.

Како што вели, постапката можело да биде отворена порано, за да се разговара во јавноста подолго за кандидатурите за претседател на Република Македонија, но можеби тоа го одложија важните процеси со уставните измени и договорите со Бугарија и со Грција.

По коментарот на Ахмети за консензуален претседател, тој е убеден дека тоа не ѝ е потребно на Македонија затоа што концептот едно општество за сите дава резултати. Според него, претседателот може да биде личноста околу која ќе се обединат граѓаните и сите етнички заедници. Затоа во процесот на избор СДСМ разговара и со другите партии.

Кога разговараме за консензуален кандидат сите опции се на маса, се прават сите анализи. Има капацитет ова коалиционо мнозинство да најде консензуален кандидат кој може да го поддржат сите, рече Спасовски.

Вели дека во Владата нема криза, се работи со полн капацитет, а секојдневните проблеми се решаваат низ дијалог.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This