СПАСОВСКИ: Не се исклучува повторно враќање на рестриктивните мерки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Можно е повторно враќање на рестриктивните мерки ако продолжи рапидно да расте бројот на заразени од ковид-19 по денешниот биланс од 52 заболени, предупреди премиерот Оливер Спасовски. Тој кажа дека овие бројки доаѓаат од рестриктивниот период, но денеска повторно ќе се разговара и ќе се проценува дали повторно ќе биде продолжена вонредната состојба во државата.

„Знаевме дека по укинувањето на рестрикциите ќе има одредени поместувања на бројките, но донесени се протоколи и за функционирање на угостителските објекти и за останати институции, и останува на граѓаните да ги почитуваат. Сведоци сме дека вчера ниту угостителските објекти не почитуваа дел од протоколите, но и граѓаните. Бројките на новоинфицирани случаи се аларм и апел да се почитуваат сите мерки и протоколи, но доколку продолжи оваа тенденција не се исклучува и повторно враќање на рестриктивните мерки“, изјави премиерот Оливер Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This