April 25, 2024, 10:20 pm

Спасовски нe oткpивa дeтaли зa ykpaдeнитe двa тoнa mapихyaнa oд cклaд вo Јосифово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во јавноста актуелен е случајот за два тони марихуана кој од Валандовско беа украдени, а потоа полицајата вршеше претреси во Арачиново и други локации, но пронајде само дел од наркотикот. На почетокот на месецов полицијата заплени и 53 килограми марихуана во селото Калишта, а билтените секојдневно информираат за други случаи на приведени лица и запленета марихуана.

Министерот за внатрешни рaботи Оливер Спасовски денеска нагласи дека ова не е појава која сега бележи некакво зголемување, туку, како што рече има сериозни зголемување на октривањето на оваа дејност во овие сто дена.

-Тоа говори дека имаме заплена на марихуана, имаме заплена на хашиш, имаме заплена на кокаин, имаме заплена на таблети, заплена на синтетичка дрога, значи секаков вид на наркотични средства, кои што минуваат. Веќе се разбиени и две организирани криминални групи кои се занимаваат со трговија на наркотични средства, дури поврзани и со државјани на Албанија и Турција. Така да многу посветено работиме во овие сто и тоа ќе го правиме и во наредниот период, посебно колегите во одделот за организиран криминал и за крим полиција, каде интензивно работат на спречување на трговијата со дрога, истакна Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This