Спасовски од Кале: Принципите на Илинден не се свртени кон минатото, туку кон иднината

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Принципите на Илинден не се свртени кон минатото, туку кон идината. Длабоко врежани како наследство тие се јасен патоказ кон Европската унија, европските вредности и вредностите на НАТО, стратешка цел која ја остваривме годинава, порача од чествувањето на двата Илиндени на Кале, претседателот на Владата, Оливер Спасовски.

-Северна Македонија стана фактор на стабилност во регионот, земја во која граѓаните имаат сигурна иднина. Денес кога Северна Македонија се соосочува со здравствено економската криза овие начела на солидарност се попотребни од било која досега. Оваа криза ни покажува дека никој не може сам, само сложно и солидарно може да стигнеме до решение. Покажавме дека можеме од заборавен патник ја поставиме земјата на шините кон евроатлантска интеграција. Балканот секогаш бил раскрсница на различлни култури. Низ призмата на тврдиот национализам беше закана, но го совладавме, во духот на Илинденците подадовме рака на сите наши соседи. Не дозволивме заради лични интеррси да го доведеме во прашање вечниот сон. Македонската државност и слобода не се подарок туку се остварени со многу жртви, тие жртви не мотивираат кон подорбо и поправедно општество. Се справивме со можните предизвици од пустошот кој го наследивме, нашата родна грутка да ја направиме прекрасно место за живот, рече Спасовски.

Тој се осврна и на македонскиот јазик кој сега е впишан во личната карта на нашата држава во Обединетите нации покрај името Република Северна Македонија.

Свеченоста на тврдината Кале во Скопје почна со положување цвеќе на споменикот на слободата – „Сила, слава и победа“ и со исполнување на државната химна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This