Спасовски се врати на работа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се врати на работа. Тој беше отсутен бидејќи беше заразен со ковид-19.

Денеска сум на работното место, со едно големо искуство зад себе продолжувам да работам за доброто на граѓаните, напиша на својот фејсбук профил Спасовски, кој поради коронавирусот беше во самоизолација.

Спасовски смета дека ковид-кризата е шанса да ги преиспитаме приоритетите во нашиот живот, а во прв план да го ставиме здравјето.

Почитувани граѓани, ајде сите заедно да дадеме придонес кон јавното здравје, за нашите деца, за семејството, за нас, за лекарите кои секојдневно се пред предизвиците да спасуваат животи, борба во којашто се уверив на Инфективната клиника, во посветеноста и неуморноста со којашто работат здравствениот и техничкиот персонал – искрена благодарност за нивниот влог.
Но, ова е заедничка битка – чувајте се, носете заштита на лицето, одложете ги времено физичките контакти колку што е можно тоа. Вирусот, заедно ќе го победиме, напиша Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This