СПАСОВСКИ СЕ ОБРАТИ НА ДИПЛОМАТСКИОТ БРИФИНГ ЗА 15 ГОДИШНАТА АКТИВНОСТ НА МАРРИ : Конечно, соработката меѓу нас и нашите соседи може да се одвива непречено и неоптоварено, на многу повисоко ниво

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

МАРРИ е докажана успешна регионална приказна, успешен регионален проект кој успеа да опстои и покрај многуте премрежја пред кои беше исправен нашиот регион во изминатиот период.

Интеграцијата во Европската Унија стои високо на агендите во владите на МАРРИ Учесниците, а тоа е и стратешка определба на Владата на Република Северна Македонија. Како Влада ветивме дека ќе сториме се што е во наша моќ за оваа определба да стане реалност, преку исполнување на условите за почеток на преговорите за членство, што ќе значи и подобрување на функционирањето на целокупната држава.

Овде морам да ги напоменам достигнувањата на Владата на Република Северна Македонија во делот на односите со нашите соседи, поточно со тие со кои постоеја отворени прашања. Конечно, соработката меѓу нас и нашите соседи може да се одвива непречено и неоптоварено, на многу повисоко ниво, а со тоа и нашите настапи пред меѓународните партнери да бидат покоординирани и со многу заеднички елементи.

Ова, меѓу другото, го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на почетокот од своето излагање во рамки на дипломатскиот брифинг посветен на 15 годишната активност на МАРРИ Регионалниот центар што денеска се одржа во Министерството за надворешни работи и на кој што беа сублимирани досегашните активности и значење на оваа Регионална иницијатива, како и преди3виците пред коишто е исправена во наредниот период.

Според министерот Спасовски во релативно краток временски период Република С Македонија, но и регионот, се соочија со голем прилив на мигранти на своите граници, притоа посочувајќи дека научените лекции, брзо беа преточени во законски и подзаконски решенија, беа изготвени соодветни акциски планови за справување во слични ситуации во иднина, а сега веќе искуства се споделуваат во рамки на МАРРИ учесниците, а и пошироко.

“Миграцијата, сама по себе, особено онаа која вклучува ненадеен и огромен прилив на мигранти повлекува земање предвид на уште неколку други феномени. Тоа се, пред се кривични дела од областа на трговијата со луѓе и криумчарење мигранти, кои треба да ги спречиме или откриеме. Но тоа се и ситуации кои понекогаш налагаат пружање медицинска помош, обезбедување соодветна заштита и интеграција. Во насока на справување со сите овие предизвици и обврски, првенствено е потребен координиран настап на сите засегнати државни институции, но и заедничко регионално дејствување токму во обезбедувањето на тој координиран пристап“, потенцираше министерот Спасовски.

Платформата за соработка креирана токму преку самото постоење на МАРРИ, претставува огромна придобивка за целиот регион на Западен Балкан, односно истата се користи како значајна алатка за размена на искуства и најдобри пракси. Она што можам да го кажам во мое име и во име на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија е дека нашата поддршка на МАРРИ и натаму ќе продолжи и ќе се интензивира“, констатираше на крајот од своето обраќање министерот Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This