СПАСОВСКИ СЕ ПРИКЛУЧИ НА КАРАВАНОТ „МОЈ ДДВ“: КОЛКУ ПАРИ ПОВЕЌЕ ЌЕ СЕ СЛЕАТ ВО БУЏЕТОТ, ТОЛКУ ПОВЕЌЕ ЌЕ ИМАМЕ СРЕДСТВА ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТИ, ПЕНЗИИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска, денеска со Караванот Мој ДДВ беа во супермаркетот „Кит-Го“ во Куманово, од каде информираа дека досега се скенирани околу 15 милиони сметки.

-Задоволство е што во Куманово можеме да дадеме поддршка и да го промовираме проектот Мој данок на додадена вредност, исклучително важен проект и за Владата и за граѓаните, затоа што и една од клучните поенти во програмата на Владата беше што е можно повеќе пари да вратиме кај граѓаните. Иако, постоеја различни размислувања околу овој проект и дали тој ќе биде успешен, мене навистина ми е задоволство и сум среќен и горд што имаме успешен проект Мој ДДВ, изјави министерот Спасовски.

Тој апелираше до граѓаните да ја симнат апликацијата и да се приклучат кон проектот, да вратат дел од финансиските средства кои што ги даваат на државата како плаќање на Данокот на додадена вредност од една страна, а од втор аспект да се намали нивото на сивата економија во државата.

– Секој од граѓаните и секаде да бараат сметки за трговија или за која било услуга и за тоа да знаеме дека преку таквиот начин вложуваме во нашата иднина. Колку пари повеќе ќе се слеат во државната каса, во буџетот, толку повеќе ќе имаме средства во реализација на многу проекти за зголемување на плати, пензии. Едноставно, целата економија започнува да се движи, ова е надежен проект многу важен проект, изјави Спасовски, повикувајќи ги кумановци и граѓаните на државата да учествуваат во проектот и заеднички да сведочат за неговата успешност.

Директорката на УЈП, Лукаревска информираше дека заклучно со првите два месеци од почнувањето на проектот јули и август има 160.000 корисници на апликацијата мој ДДВ, а скенирани се околу15 милиони сметки.

-Оставрен е промет од скоро 7,6 милијарди денари, а ДДВ-то вкупно, 5 и 18 проценти, имаме околу 834 милиони што значи дека кај граѓаните ќе вратиме околу 125 милиони денари или околу два милиони евра, изјави Лукаревска.

Направена е нова апликација со која граѓаните ќе имаат на увид колку ќе средства ќе си вратат назад во декември, за месеците јули, август и септември.

Лукаревска изјави дека процентот на пријавени неправилности на линијата 198 споредено со лани овој период е за сто пати поголема. Граѓаните секојдневно пријавуваат, за сите населени мета во државата дека има неиздавање на фискални сметки, рече директорката на УЈП, додавајќи дека се реагира, најпрвин со снимање на прометот, бидејќи, истакна не е целта веднаш да се вклучи репресивниот момент, додавајќи дека има подобрување во делот на даночната дисциплина.

-Ако го видиме моментот на намалување на сивата економија, имаме покачување на ДДВ-то во месец јули, годинава од повеќе од десет проценти во споредба со лани, што е доволен показател дека навистина овој проект вложува во сузбивањето на сивата економија, рече Лукаревска.

Што се однесува до издавањето на фискални сметки кои се издаваат за горива за фирма, Лукаревска појасни дека доколку фискалната сметка се прикачи заедно со сметкопотврда и е потребна за евиденциите за правното лице, во тој случај не би смеела да биде скенирана.

-Сега со оваа нова веб апликација, доколку има такви случаеви, граѓаните ќе можат да направат и поништување. Врз основа на тоа ќе имаме двојно враќање на средствата, а тоа е на секако даночно затајување на некој начин, истакна Лукаревска.

Караванот Мој ДДВ кој има за цел промоција на проектот ќе продолжи да се реализира и во останатите општини од државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This