April 25, 2024, 12:53 am

СПАСОВСКИ: Соработката со граѓанскиот сектор ни е приоритет

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Еден од основните приоритети на актуелното раководство на МВР е и соработката и партнерството со граѓанскиот сектор, односно граѓанските асоцијации чии што активизам се однесува на области кои што се во делокругот на работа на нашето министерство, рече министерот за внатрешни работи по денешната средба со претставници на граѓанската асоцијација „Цивил“ и националниот координатор за насилен екстремизам и тероризам Борче Петровски.

-МВР и граѓанската асоцијација “Цивил“ имаат извонредна соработка за што впрочем сведочи и меморандумот за соработка што ние како две институции го потпишавме и кој што ни отвори една широка нормативна рамка за превентивно делување на многу полиња од заеднички интерес.  Во тој поглед и денешната дискусија околу насилниот екстремизам и говорот на омраза- рече Спасовски.

На средбата се разговараше и за претстојниот референдум и мерките кои се преземаат за да се обезбеди граѓаните мирно и слободно да го исполнат своето граѓанско право.

-Разговаравме и за претстојното  референдумско изјаснување и  важноста за обезбедување на еден спокоен, цивилизиран амбиент ослободен од секаков облик на закани или омраза, што би можеле да реперкуираат со последици по правото и слободната волја на секој наш граѓанин при претстојното гласање.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This