April 18, 2024, 11:13 am

СПАСОВСКИ СТАНА И КАДРОВИК НА ВМРО-ДПМНE: Мене ми одговара Рашела Мизрахи да остане, но поради неа може да добиеме вeтo од Грција

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ да ви го бираше предлогот, немаше да избере таков министер – рече техничкиот премиер Оливер Спасовски од Собраниската говорница рано изутринава во 02.00 часот по полноќ, реплицирајќи на говорот на пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Затуровска

Според Оливер Спасовски, министерката Мизрахи одговарала да остане во техничката влада бидејќи како што работела во министерството тоа било само во корист на владејачката партија.

– Јас да ви кажам искрено како политичар, за мене беше преубаво да остане Мизрахи до крај, да не се разреши и да продолжи вака со работата заради тоа што СДСМ да ви го бираше предлогот, и така да работи во тоа министерство немаше да избере таков министер. И за мене ми одговараше лично, од политички аспект. Ама од аспект на државата и од аспект на тоа што може да и се случи на државата со повторно вето апсолутно не е прифатливо и нема да дозволам апсолутно никој да ја загрози иднината на државата – објасни техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Во меѓувреме, пратениците од опозицијата презентираа низа актуелни државни функционери кои се уште го користат името Република Македонија во својата официјална комуникација, а од кои Спасовски не бара одговорност.

Помеѓу останатите и министерот за надворешни работи Никола Димитров кој се уште е министер во МНР на Р.Македонија, но и на десетина други директори и министри кои се уште, според СДСМ, не го почитуваат Уставот и новото име.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This