April 19, 2024, 10:07 pm

СПАСОВСКИ ТВРДИ ДЕКА НЕ СЕ КРИЕЛО НИШТО: Во случајот со Асани нема прикривање, но МВР не ја дава снимката на јавноста!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска изјави дека во случајот со инцидентот во Чаир минатата недела во кој беше вмешан високот функционер на ДУИ Бекир Асани, ништо не се крие и дека целиата документација е предадена во Јавното обвинителство.

Спасовски одговараше на новинарско прашање за време на посетата на Кавадарци, по коментарите во јавноста дека во случајот нешто се крие.

– Поднесена е целокупната документација до јавното обвинителство, тоа постапува и сите информации што се однесуваат на случајот ги имате таму. Тие податоци ќе ги добиете од Јавниот обвинител. Значи сите информации, податоци, се што е достапно за МВР е доставено во ЈО и се што ве интересира во поглед на оваа истрага која ја води обвинителството, ќе побарате информација од нив. Значи, се што имавме како материјал и како доказ е доставено до обвинителството и во рамките на истрагата која се води, сите информации можат да се најдат само во обвинителството, изјави Спасовски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This