СПАСОВСКИ: Усвојување закон за јавно обвинителство ќе биде аргумент повеќе да се биде поблиску до ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски смета дека до распуштање на Собранието има простор за носење на Законот за јавно обвинителство, но и за сите други законски решенија што се потребни во насока на исполнување на обврските, со цел добивање датум за преговори со ЕУ.

Тој вели дека се уште се работи на усогласување на ставовите за Закон за јавно обвинителство, затоа што тоа е важно за европската перспектива на Македонија.

– Многу е важно секој политички субјект, сите пратеници во Собранието, групи и така натаму да бидат на висината на сопствената одговорност и се уште сметам дека таа одговорност што ја имаат пред се пратениците пред граѓаните на Република С Македонија ќе преовладува пред секој личен партиски или не знам каков друг интерес. Јас очекувам дека ќе има можност и ќе создадеме парламентарно мнозинство кое ќе го поддржи новиот Закон за јавното обвинителство. Јас посакувам тоа да бидат сите политички субјекти,сите да се вградат во иднината на оваа држава – изјави Спасовски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This