СПАСОВСКИ ЈА ПОСЕТИ НЕГОТИНСКАТА ПОЛИЦИЈА: Безбедносната состојба во Неготино е поволна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица Неготино е поволна, а се регистрира намалување на криминалитетот во оваа општина, рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на Полициската станица Неготино, во склоп на посетите на секторите за внатрешни работи и полициските станици во државата.

-Остваривме работна средба во ПС Неготино и командирот на полициската станица ме информира дека безбедносната ситуација во Неготино е поволна. Има опаѓање на криминалитетот, а се зголемува ефикасноста во работата на полициските службеници, што значи откривање на сторителите и поднесени кривични пријави- рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски потенцираше дека мора да се посвети внимание и на односот на полициските службеници кон граѓаните и на тој начин дополнително да се придонесе кон враќање на довербата на граѓаните во полицијата. На средбата се разговараше и за условите за работа и статусот на полициските службеници. Министерот Спасовски најави деке ќе продолжи подобрувањето на условите за работа во полициските станици, но и набавката на средства за работа.

Министерот Спасовски оствари средба и со градоначалникот на Неготино Тони Делков на која разговараа за прашањата кои се од заеднички интерес на полицијата и локалната самоуправа, пред се во делот на сообраќајот и зачувувањето на јавниот ред и мир. Беше истакната одличната соработка меѓу општина Неготино и Полициската станица Неготино и намерата таа соработка да се зајакне.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This