April 20, 2024, 11:42 am

СПАС ОД КАМЕН ВО БУБРЕГ: На 15 километри од Кичево најлековитата вода во Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Свињиште, планинско село на 15 километри од Кичево, веднаш покрај патот за Демир Хисар. Природата му дарила две добра – букова шума и минерална вода, која лекува камен во бубрегот, камен во жолчката, чир на желудник и гастритис.

Ја има во изобилство, а на двете чешми на крајот од селото луѓе од Кичево од Струга, Охрид и Гостивар секојдневно полнат шишиња и пластични туби за дома. Во викенди, доаѓаат стотици, кој со автомобил, кој со трактори, и поради тоа многу долго се чека. Од Кичево, на изворот најчесто доаѓа во работен ден, кога човек може по спокојно да се снабди со вода, објави Канал 5.
Досега за оваа лековита чиста и бактериолошки исправна минерална вода никој не пројавил ниту интерес да инвестира ниту индустриски да ја флашира и да ја дистрибуира. Ако се искористеше ова природно богатство, велат мештаните во селото, ниту некој ќе се иселеше од Свињиште ниту на град ќе помислеше.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This