March 29, 2024, 12:56 am

СПЕКТАКЛ НА НЕБОТО ВИКЕНДОВ: Метеорскиот дожд „Персида“ оваа година ќе биде најсветол

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Секоја година кон средината на август паѓа метеорски дожд, а овој природен феномен одново ќе се случи ноќта помеѓу недела и понеделник

Дождот таканаречен Персеида, односно метеорски рој, специфична е по метеорите кои се многу „огнени“ и посветли од типичните.

Оваа година се очекува вистински спектакл на небото, со обзир на тоа дека во ова време метеорскиот дожд ќе биде млад, па нема да има друго осветлување на небото.

Како што велат од НАСА, секоја година Персеида го прекрива небото кога Земјата се сретнува со кометата Свифт Татл. Ситните парчиња се судираат со нашата атмосфера и така прават „огнени топки“.

Овој спектакл започна на 14.јули и трае до 24.август,  а својот врв го достигнува во периодот од 16.часот на 12.август, до 4.часот на 13.август.

НАСА наведува дека, доколку сакате да ја гледате оваа појава, метеорите можат да се појават било каде на небото. Исто така, во зависност од тоа кога го набљудувате спектаклот, дождот метеори може да изгледа поразлично.

Така да ако набљудувате околу 22.часот, ќе видите помалку метеори, но тие ќе имаат поголеми „опашки“.

Според НАСА, најдобро е да ги следите метеорите по 4.часот наутро.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This