СПЕЦИЈАЛНО ЗА ЗОРИЦА: Градска болница воведе нова метода на лечење, специјално за операцијата на Зорица Заева

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Специјално за сопругата на Премиерот Зоран Заев, градската општа болница „8 Септември“ во Скопје воведе нови методи за операција, користејќи матични клетки.

Зорица Заева подолго време имала проблем со движењето со едната нога, па наместо да оди на операција во странство, на трети овој месец во „8 Септември“ за прв пат се изведе операција на ‘рскавица на нагазна коска на скочниот зглоб со матични клетки од коскена срцевина.

Операцијата ја изврши доктор од Хрватска д-р Џихан Абаџовиќ, со помош на д-р Христијан Костов, директор на „8 Септември“, кој е хирург по трауматологија и д-р Зоран Несторовски, од одделот за ортопедија во болницата.

– Пациентката требаше да оди на операција во Хрватска, но на крај со колегата Абаџовиќ од Хрватска решивме да дојде овде и овде да биде оперирана. За овој зафат матичните клетки се земаат од неа, поточно од коленото се вадат 100 милилитри коскена срцевина и 200 милилитри крв од вена. Тоа се прави со специјални машини, каде вака земениот материјал се обработува. Операцијата траеше два часа, и ја извадивме оштетената ‘рскавица, а потоа ги ставаме матичните клетки – вели д-р Костов.

Д-р Костов објасни дека со оваа метода практично се спасува природниот зглоб, инаку во спротивно треба да се стави вештачки. Тој додаде дека Заева треба да мирува, бидејќи од матичните клетки ќе треба да и порасне нова ‘рскавица.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This