СПЕЦИЈАЛЦИ ПРЕД ДОМОТ НА ПЕШЕВСКИ: ЕБР, специјалци и униформирана полиција ќе го чуваат екс-вицепремиерот за економија од вечерашните протести

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Десетици припадници на специјалните единици на МВР вечерва се распоредени пред домот на екс вицепремиерот за економија Владимир Пешевски, објави Експрес.мк.

Меѓу нив има и припадници на Единицата за брзи интервенции на МВР кои што се подготвуваат да го обезбедат теренот на кој вечерва ќе протестираат членови на политички партии и организации од движењето “Македонија Блокирам” предводени од Јанко Бачев, Филип Петровски, Страшко Олумчев и други кои предходно протестираа пред домовите на Крсте Мукоски во Вевчани и Сашо Василевски во Охрид, двајца од 8те пратеници на опозицијата кои гласаа за уставните измени.

Пред два дена Пешевски објави писмо до членовите на ВМРО-ДПМНЕ во кое се бараше партијата да ги поддржи уставните измени со цел земјата да продолжи со евроатланските интеграции.

За членовите на организациите на движењето Македонија Блокирам, писмото на Пешевски е повик за национално предавство поради што организираат протест пред неговиот дом во скопската населба Тавталиџе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This