СПИЕШ ЛИ МИРНО, ЛИЛЈАНА ПОПОВСКА: Геровски плука и го навредува таткото на Лилјана, академикот Блаже Ристовски!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Медиумскиот идеолог на СДСМ, Бранко Героски во својата најнова колумна го исмева животното дело на историчарот Блаже Ристовски. Тој таткото на пратеничката Лилјана Поповска, која е во коалиција со СДСМ го изедначи со бугарскиот историчар и човек кој цело време говори дека историјата на Македонија е бугарска, Божидар Димитров.

Тој во својата колумна во која поклонувањето на Заев пред „бугарскиот“ Цар Самоил, најавите дека поради добрососедските односи се што е спорно за Бугарија во учебниците во историја ќе биде променето. Инаку меѓу спорните работи кога е во прашање македонската историја, се и револуционите Гоце Делчев, Никола Карев, како и сите други од илинденскиот период, празник кој оваа година новиот премиер Заев ќе го прослави со премиерот на Бугарија Бојко Борисов.

-Времето на блажеристовци и на божидардимитровци е минато. Неизбежно доаѓа едно друго време, време на соработка, на заеднички иницијативи, на блискост и ако сакате, дури и на братскост меѓу Македонците и Бугарите. Или, поинаку кажано, како што сме биле порано (во едни црни околности, за жал), ние и во иднина ќе си бидеме „с’што“, ама не сме биле и нема да бидеме – исто, пишува во својата колумна Бранко Героски.


Тој во својата колумна изнесува и низа тврдења, со кои изгледа се согласуваат тој, Зоран Заев и Бојко Борисов. Тој таму пишува дека зборникот на браќата Миладиновски не се викал „Македонски народни песни“ туку „Б’лгарски народни песни“, дека Цар Самоил се самоименувал како „цар на сите Болгари“.

-Од друга страна, не помала лага е да се одрече дека и ние, Македонците, долго бевме под силно влијание на фалсификатите на комунистичката историографија, кои беа дел и од нашето формално образование. Само да потсетам. Ние дури во раните деведесетти години дознавме дека зборникот на браќата Миладиновци не се викал „Македонски народни песни“ (како што учевме на училиште), туку „Б’лгарски народни песни“. Ние учевме дека славните македонски револуционери од илинденскиот и од предилинденскиот период се бореле за „независна Македонија“, а не ни беше кажано дека ниту еден од нив се нема декларирано како Македонец и дека во ниту еден документ на „славната“ ВМРО не се зборува за „независна“, туку за „автономна“ и за некакви други Македонии. Ние учевме за славниот македонски Цар Самуил, но подоцна узнавме дека тој, иако најверојатно Ерменец, сепак се самоименувал како „цар на сите Болгари“, од причини кои, секако, имаат свое историско објаснување. Ние не учевме за придонесот на Отечественофронтовската бугарска армија во завршната фаза на Народноослободителната војна на нашите простори (кој не е безначаен, иако не и пресуден), а со право примавме мноштво информации за ѕверствата на бугарските фашисти во Македонија, но припишувајќи им ги, за жал, на сите Бугари, а не само на окупациските сили, пишува во колумната Бранко Героски.

Пратеничката Лилјана Поповска која е во коалиција со СДСМ, партијата на која главен медиумски играч е токму Бранко Героски, молчи и не дава коментар за зборовите кои Героски ги напиша против нејзиниот татко, историчарот Блаже Ристовски.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This