March 29, 2024, 12:35 am

СПИРО РИСТОВСКИ ИМАЛ „ДОБРОНАМЕРНИ СОВЕТИ“: Екс-министерот за образование ги поддржува ставовите на „одметнатите“ од ВМРО-ДПМНЕ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот министер за образование и наука и министер за труд и социјална политика Спиро Ристовски ги повика сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ активно да учествуваат во процесите на национално помирувањ. Тој вели дека со него е уште еден поранешен министер за образование – Панче Кралев, но и други поранешни партиски функционери кои „имаат добронамерни совети за ВМРО-ДПМНЕ но не сакаат јавно да се експонираат“

– Очигледно е дека се наоѓаме во чувствителен момент и не ме изненадува тоа што и втора група на пратеници е подготвена да се вклучи во процесите на национално помирување и заштита на националниот идентитет. Никој подобро од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нема да го направи тоа. Во таа насока ги охрабрувам и нив, и сите оние кои размислуваат на овој начин, активно да се вклучат во процесите кои се одвиваат во Собранието на Република Македонија“, порачува Ристовски за Дојче Веле.

Ристовски вели дека сите пратеници од Собранието треба да се вклучат во новите општествени феномени и потреби, а освен во законодавниот дом, тој процес да се пренесе во сите општествени сфери.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This