СПИСОК НА ПРАТЕНИЦИ КОИ ГЛАСАА ЗА ПРОМЕНА НА ИМЕТО: Цело СДСМ се „За“ промена на името – ова се имињата на пратениците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Собранието на Република Македонија на продолжението на 64. седница со 67 гласа „за“, четири „воздржан“ и 23 „против“ го утврди нацртот на амандманот XXXIII на Уставот на Република Македонија.

Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на “посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.

Според пратениците од владејачкото мнозинство на чело со СДСМ, Амандманот 33 се однесува на името на државата и со него конечно се дефинира името на нашата држава во поширок историски контекст. Според нив, географската одредница Северна која се додава е практично реално, но и историско решение на дефинирање на модерна држава, која сака своето постоење да го гради на универзални принципи во глобализиран свет.

Од најголемата опозициска партија – ВМРО-ДПМНЕ, пак, истакнаа дека Договорот од Преспа е капитулантски и дека, според нив, со него проблемите нема да завршат, туку само ќе се отворат нови. Вмровските пратеници сметаат дека со договорот се става крај на Република Македонија, бидејќи практично ќе ја снема без, како што велат, грам барут.

Пратеникот Панчо Минов од ГРОМ рече дека очекувал повеќе од расправата за амандаманот, бидејќи тој претставува суштина на државните и стратешки приоритети на Република Македонија и побара јасно да се дефинира дека промената на името ќе се однесува на насловот и текстот на уставот, односно нема да има промена на преамбулата, како и дека промената на името ќе биде условена и настапи по нашето членство во НАТО и ЕУ.

Фандил Зендели од БЕСА, пак, рече дека како опозициска партија го поддржале Преспанскиот договор како предуслов за стратешките евроатлантски интеграции, иако имале забелешки и сугестии за договорот. Тој посочи дека побарале да се постават и други прашања при оворањето на уставот, како што е јазичната рамноправност и меѓуетничките односи.

Ова е списокот на пратеници кои гласаа за нацрт-амандманот со кој се предвидува промена на името Република Македонија во Република Северна Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This