СПИСОК НА AMHECTИРАНИ: Ако уставниот cyд ја ykине одлуката за враќање на aмнecтијата, ова се луѓето кои ќе бидат ocлoбoдeни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Одлуката Уставниот суд да поведе постапка за оценување на членот 11 – а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 – та година директно влијае врз актуелните обвиненија и истраги. Членот 11 – а овозможува, претседателот на државата да повлече веќе донесена одлука за помилување. Сега највисокиот суд ќе утврдува дали членот е во согласност со Уставот. Од оваа институција за Алсат брифираат дека пред судиите се две опции:

 


Да се укине членот 11 – а, што би значело во иднина шефот на државата да не може да повлече веќе донесена одлука за амнестија. Втората опција која би била кобна за обвиненијата на СЈО е да се поништи членот 11 – а. Тоа би значело дека амнестијата на екс претседателот Ѓорѓе Иванов од април 2016 – та година ќе стапи во сила, а сите обвинети во случаите на СЈО ќе бидат слободни луѓе. Поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, во постапката на неговите поранешни колеги препознава обид да се урне правниот поредок во земјава.

Уставен вчера извести дека можноста претседателот на државата да го поништи помилувањето доведува до нееднаков третман, зашто тој, според Уставот, може само да помилува, но не и да поништува аболиција. Во април 2016 – та година, екс-претседател, Ѓорге Иванов, донесе аболиција која ги опфати тогашните осомничени во случаите на СЈО. Под притисок на јавноста, протести и влијание на меѓународниот фактор, по месец и половина Иванов го повлече помилувањето. Од Уставниот суд најавуваат дека одлука ќе се донесе до Нова Година.

Ова е списокот на лица на кои ќе им биде вратена амнестијата:

Бивш премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски;

Ексдиректорот на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков;

Бившата министерка за полиција Гордана Јанкуловска;

Бившиот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески;

Шефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протуѓер;

Вработен во обезбедувањето на Груевски, Дејан Митровски – Урко;

Лидерот на СДСМ и градоначалник на Струмица, Зоран Заев;

Ексразузнавачот Зоран Верушевски;

Сопругата на Верушевски, Соња;

Службеникот од Општина Струмица Бранко Палифров;

Бившиот премиер и претседател, Бранко Црвенковски;

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски;

Секретарот на Владата, Кирил Божиновски;

Началникот на петтата управа на МВР, Горан Грујоски;

Бизнисменот и директор на „Дајнерс“, Божидар Јанковски (Бобо – Дајнерс);

Ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност на МВР, Љупчо Тодоровски-Радникот;

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи;

Членот на ДИК од ДПА, Бедредин Ибраими;

Специјалните јавни обвинители Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова и Гаврил Бубески;

Директори на компании што се јавуваат како сопственици на неколку медиуми блиски до власта, Христијан Панев, Коста Крпач, Владислав Стајковиќ;

Претседател на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева;

Државјанинот на Израел споменат во „бомбите“ за провизии при купување опрема од еврејската држава, Хаик Хакијни;

Директорот во Телеком, Жарко Луковски;

Главен директор за техника и ИТ на Телеком, Мирослав Јовановиќ;

Судијка во Вишиот управен суд што се споменува во една од „бомбите“, Светлана Костова;

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски;

Градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски;

Бившиот градоначалник на Центар, Владимир Тодоровиќ;

Градоначалникот на Битола, Владимир Талески;

Директорот на затворот „Идризово“, Живко Пејковски;

Вработен во полициската станица „Бе-Ко“, Мунир Пепиќ (во „бомбите“ споменат како „Пепиќ – оној што ни ги прави личните карти“)

Градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко;

Претседател на изборна комисија Центар, осомничен во „Титаник“, Коста Митровски;

Член на Општинската изборна комисија во Чаир, осомничен во акцијата Титаник, Исмет Гури;

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This