СПМ: Ги пoвикyвaмe МПС и НСП дa ни ce пpиклyчaт вo битkaтa зa зaштитa нa зaгapaнтиpaни пpaвa нa вpaбoтeнитe вo МВР

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани вработени во Министерство за внатрешни работи, почитувани членови на Македонски полициски синдикат и почитувани членови на Независен Синдикат на Полицијата,

Ги повикуваме вработените во Министерството за внатрешни работи, членовите на двата Синдикати Македонскиот полициски синдикат и почитувани членови на Независниот Синдикат на Полицијата, да ни се приклучат во борбата за заштита на работните права на вработените во нашето Министерство, поради алармантната состојба од зголемено кршење и повредување на работните права, вознемирувањето на дел од вработените и нарушувањето на човечките односи во речиси секоја организација. Ова оособено со НЕЗАКОНСКИ ПРЕРАСПОРЕДУВАЊА кои се спроведуваат незаконито преку злоупотреби на службени положби и овластувања и тоа од страна на правната служба и претседателите на комисиите во МВР а кои имаат нанесено огромми штети на вработените спротивно на нивната волја што е докажано по извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Државниот инспекторат за труд.

Наша законска обврска е да ги штитиме Уставот и законските прописи да не дозволиме нанесување штета и на Буџетот на РМ од предизвикување на Тужби и продолжување на натамошни злоупотреби. Одтука ГИ ПОВИКУВАМЕ останатите два синдикати МПС и НСП, да излезат со своја реакција и да ни се приклучат во натамошната битка за заштита на загарантирани права на вработените во МВР, особено го повикуваме МПС односно претседателот на репрезентативен синдикат да упати ОСТРА рекација до Министерот поради грубото кршење на правата на работниците особено поради заобикуловање на нивните два члена кои се дел како претставници од комисиите за распоредување во МВР и воедно ЈАВНО да го праша Министерот Спасовски кој одлучувал во нивно име?

Да ги заштитиме вработените и воедно да спречиме нанесување штети на буџетот на РМ.

Исто така остро да се спротиставиме на игнорантскиот однос на Министерот Спасовски кој раководи со Министерство кое единствено НЕ ДОБИ НИКАКВО покачување или награда во оваа состојба во која се наоѓа Република Македонија.
Заедно сме ЕДНАКВА сила со која сплотено ќе покажеме високо ниво на професионалност.

Ова што се случува веќе е црвен аларм за наша сплотена реакција да кажеме СТОП за ПАРТИЗАЦИЈА во МВР, СТОП за Злопотреби со НЕЗАКОНСКИ Распоредувања, СТОП за се што се случува во МВР во негативен контекст.

Доста ни е од МАНИПУЛАЦИИ и ЛАГИ потребна ни е заштитна опрема, плати и униформи за полицијата!!! И многу повеќе…

Имаме право на достоинство и ценење на нашиот труд! – стои во објавата на СПМ.

Статусот на Фејсбук може да го погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This