April 25, 2024, 11:50 am

СПМ до Спасовски: Maнипyлaциитe мoжaт дa Ви пoминaт кaj oбичниoт гpaѓaнин, вo Пoлициjaтa не

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова кога го чита „обичниот граѓанин“ чиниш дека во Министерството за внатрешни работите дефинитивно одат на подобро, Министерот ПОТВРДУВА ДЕКА СОЗДАВА ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА. Дури и полициските службеници на сликите изгледаат дека се задоволни…Не е битно слики се нели…И добро е што во соопштението стои дека„Вакви патроли веќе функционираат во повеќе градови и евидентни се позитивните ефекти по нивното воведување“. Браво господине Министре ТИ ПРВ ШТО ГИ ВОВЕДЕ ВЕЛОСИПЕДИТЕ НА ТЕРЕН. Ти честитаме за тоа и еве од нас ти кажуваме дека СИ НАЈДОБАР, стои во соопштението на Синдикатот на Полиција во Макеодонија.

– Но…. Дали она што Министерството „се фали“ и ја манипулира јавноста, во вистинскиот живот на полицаецот е навистина така⁉️ Да се запрашаме дали овие слики „од задоволни полициски службеници“ се така исто и во реалноста. Министре, бидејќи во пракса покажа и докажа дека до сега имаш најлош “ПР тим” на советници кои секојдневно тебе и на јавноста прикажуваат лаги и невистини, еве ја вистината која знаеме дека ќе те боли тебе и ТИЕ околу тебе…… Затоа што ние се грижиме за полициските службеници и не ни помислуваме да ти седнеме „во скут“ како некој што тоа постојано го прави. И продолжува упорно да го прави. Но, да се вратиме на темата…. Значи Министре Спасовски оној кој Ви го пишал текстот на Министерството и на Вашата страна треба однапред да знаел и располагал со сознанија дека „овие“ велосипеди „скапуваа“ во подрумите десетици и повеќе години. И да точно е дека секоја поголема полициска станица располага со неколку од нив… Ова значи дека ВИЕ НЕ СТЕ ГИ ВОВЕЛЕ…. Лага….НО и ова не е битно… Она што најмногу не боли како Синдикат а тоа е Вашата ТЕШКА МАНИПУЛАЦИЈА како спрема колегите така и спрема граѓаните‼️ Манипулирате затоа што освен блузите на колегите за кои се сомневаме дека се службени, СЕ ДРУГО (патики, шорцеви итн) се производи купени од колегите со сопствени средства…ДА СО СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА‼️⁉️ Срам и бруки за едно Министерство КОЕ „СОЗДАВА“ ЗАДОВОЛНА ПОЛИЦИЈА, велат од синдикатот.

– Го повикуваме помошник на Министерот за односи за јавноста почитуваниот Тони Ангеловски да излезе така гордо како кога се фали за викенди дека се пишуваат казни и пред целата Македонска јавност и вработените да каже дека сето ова што го прикажавме како Синдикат Е ЛАГА‼️ Затоа Министре еве еден добронамерен предлог од НАС…… Влези во твојата канцеларија, затвори се неколку дена и почни да работиш, прекини со таа ПР „лажна“ стратегија за манипулирање на вработените и граѓаните и навистина почни да ги решаваш проблемите на вработените. Точно е дека ги надмина сите претходно Министри за внатрешни работи ама по лошите работи….. Послушај не и како за почеток „замети во тоа твојот двор“ гледаш дека и твоите те злоупотребуваат……. Да имате убав ден…. Почитуван, посочуваат од СПМ до Спасовски.

Објавата на Фејсбук може да ја погледнете ТУКА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This