СПОДЕЛУВАЛЕ ЕКСПЛИЦИТНИ ВИДЕА ОД МАЛОЛЕТНИЧКИ: Македонските средношколци во група на „Телеграм“ споделувале интимни снимки

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Преку затворена група на социјалната мрежа „Телеграм“ со наслов „Јавна соба“, македонски средношколци споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава, најчесто нивни врснички, објави РадиоМоф.мк.

До радиото со реакција се јавиле неколку средношколци кои пристапиле до групата, и појаснуваат дека дел од сликите кои се објавуваат и коментираат се преземени од отворени профили. Сепак, додаваат дел биле испратени преку приватни пораки, но потоа се нашле во „Јавна соба“ на „Телеграм“. Најголемиот дел им припаѓаат на малолетни девојчиња.

Групата за неколку дена стигна до над 7.400 членови, а во неа се пристапува по претходна покана од пријател. Радио МОФ пристапило до групата, каде во рок од половина час биле споделени десетина видеа и фотографии со експлицитна содржина, а следеле и неколку стотици коментари.

Радиото, како што информира, оваа информација ја споделило со МВР, но нема соодветен одговор.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This