СПОНЗОРИТЕ ГО НАПУШТААТ БРОДОТ ШТО ТОНЕ: „МЗТ Скопје“ останува без генералниот спонзор!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„МЗТ Скопје“ полека но сигурно пропаѓа во калта која ја раскошкаа членовите на новото раководство на клубот, поставено по партиска линија, како заслуга за „трчањето“ на локалните избори во општина Аеродром. Поради немањето на чувство за одговорност, и недомаќинско работење, „МЗТ Скопје“ од ѕвездена екипа, пропадна во долгови, дезорганизација и хаос. Последен таков доказ е и заминувањето на генералниот спонзор на клубот „Адидас“ кој од денес ги затвори вратите на фан-продавницата.

Фан шопот на #МЗТ Скопје се затвара . Адидас полека ги пакува куферите и се сели од Јане Сандански. Ова ќе биде последна сезона играчите на МЗТ да носат опрема од Адидас. Од компанијата не сакаат да даваат коментари. Неофицијално тие го напуштаат бродот што тоне и немаат верба во новото раководство . Дојде кошмарот и за спортот во #Аеродром ! – пишуваат жителите на општината на социјалните мрежи.

 

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This