СПОРЕДБЕНО: Сите тетовски општини до 13 часот со помала излезност во споредба со првиот круг

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Излезност од 10,42 отсто денеска се бележи во општина Тетово до 13 часот, додека на 21 април за истиот период имаше 16,71 отсто.

Во општина Желино и во вториот круг до 13 часот има најмалку, односно 4,22 отсто излезност или гласале 991 лица. Во првиот круг таму имаше излезност од 6,62 отсто.

Во Боговиње до 13 часот има излезност од 6,21 отсто за разлика од пред две недели кога имаше 8,01 отсто.

Најголема излезност до 13 часот има во Јегуновце – 13,48 отсто во рамки на вториот круг. Во првиот круг имаше 13,4 проценти излезност.

Општина Брвеница бележи излезност од 13,03 отсто додека пред две недели до 13 часот имаше 14,25 проценти.

Во рамки на вториот круг од граѓаните кои имаат право на глас во општина Теарце 8,35 отсто гласале до 13 часот. Во првиот круг 9,64 проценти од граѓаните гласале до 13 часот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This