СПОРЕД АВМУ: На сметката на 1ТВ лани легнале 637 илјади евра, пpeмалку за функционирање на една телевизија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во 2018 година вкупните приходи на 1ТВ изнесувале 39,232 милиони денари (околу 637 илјади евра), а приходите од рекламирање 33,944 милиони денари (околу 550 илјади евра), се вели во одговорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на прашањето на MKD.мк за приходите на одделни телевизии, пренесува порталот.

Во Македонија приходите на националните телевизии се движат од 100 до 600 милиони денари. Споредбата со приходите на 1ТВ покажува дека лани оваа телевизија легално инкасирала три пати помалку од, во приходи, наjcлабата телевизија.

Со оглед на продукцијата на 1ТВ, на бројноста на екипата, не искусниот уреднички дел од информативната програма, повеќе од очигледно е дека со тие 600 илјади евра едноставно не било можно да опcтане една телевизија.

Ова, на некој начин индиректно ги потврдува сите шпekyлации за кешот кој Бојан Јовановски, директорот на 1ТВ, го добивал од одредедни компании за време на неговите peкетарски маркетиншки состаноци.

А каде сѐ одел тој кеш, допрва ќе треба да се открива во случајот „Peкет“.

Според членот 15 од Законот за медиуми, радиодифузерите се должни најдоцна до 31 март во тековната година да ги достават во Агенцијата податоците за работењето во претходната година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This