СПОРЕД АМЕРИКАНСКИОТ МАГАЗИН „БИЛБОРД“: Тамара би можела да биде победничка годинава на Евровизија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Песната „Proud“ на Тамара би можела да победи на годинашната „Евровизија“, според американскиот магазин „Билборд“ кој ја вброи Македонија меѓу 12 фаворити на музичкото натпреварување во Тел Авив, Израел.

Како причина за можниот успех на песната на Тамара се наведува славењето на жената во време на движењето „Јас исто така“ (#MeToo), кое може да допре до многу гласачи, како и до професионалното жири на натпреварот.

– Ова ќе биде прва година во која Македонија да се натпреварува под нејзиното ново име. Земјата првпат учествуваше на „Евровизија“ во 1998 година под името Поранешна Југословенска Република Македонија. Нејзината најдобра изведба беше 12-то место на Елена Ристеска со песната „Нинанајна“, во 2006 година. Ако овогодинешната претставничка Тамара Тодевска се квалификува во финалето со нејзината песна „Proud“, која ја објави на Меѓународниот ден на жената 8-ми Март, тоа ќе биде првото појавување на Северна Македонија во големото финале од 2012 година – наведува американски „Билборд“.

Останатите песни кои се спомнуваат меѓу фаворитите за победа на тековниот избор се Чешка, Франција, Малта, Австралија, Русија, Азербејџан, Норвешка, Италија, Русија, Шведска и Холандија.

На минатогодишната „Евровизија“ победи невообичаената танц-поп песна „Toy“ на израелската пејачка Нета, додека една година претходно триумфираше сосема поинаква нумера, тивката песна „Amar Pelas Dois”, без танчери и ефекти на сцената, која ја изведе португалскиот претставник Салвадор Собрал. Друга нeoчекувана пoбeда на „Евровизија“ е песната „Hard Rock Hallelujah” на финската група Лорди, група за која се пишуваше дека е спој помеѓу „Кис“ и „Ѕвездени патеки“, а меѓу изненадувачките пoбeдници се спомнува и озoглaсената политичка песна на Џемаја од Украина.

Ваквата разновидност на досегашните победнички песни го отежнува предвидувањето на овогодинешниот победник на најпопуларното телевизиско шоу, кое ги носи уметниците од Европа и пошироко (Австралија почна да учествува од 2015 година) под ист покрив, во финалето на песна за „Евровизија“.

Тамара ќе настапи на утрешната втора полуфинална вечер на „Евровизија“

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This