Според Германија, Балканот виновен за зголемениот број зapaзени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бројот на пациенти со коронавирус во Германија продолжи да расте, покажуваат податоците на институтот Роберт Кох. За овој скок во бројките, државните службеници ги обвинуваат луѓето кои полека се враќаат од годишен одмор и ја носат инфекцијата со себе, особено оние кои пристигнуваат од Балканот.

Институтот претходно ја информираше јавноста за неколку „помали жаришта во различни делови на земјата“ и дека зголемувањето на бројот на пациенти е поврзано со поголеми семејни прослави, луѓе кои се враќаат од патувања и особено кај помладата популација.

Шпанија и Балеарските острови, како и делови од Франција, се прогласени за ризични области, а делови од Хрватска од 20 август се меѓу тие територии.

Новите правила ќе стапат на сила на 1 октомври и тие предвидуваат сите луѓе што се враќаат од области со висок ризик прво да бидат ставени во карантин. Карантинот може да се заврши најрано пет дена по враќањето од патувањето, со негативен тест за коронавирус.

Критичен Балкан

Кога станува збор за луѓето што се враќаат од патот, фокусот е на оние кои пристигнуваат од Косово и од Турција, пишува „deutschlandfunk.de“.

Во најнаселената германска држава Северна Рајна-Вестфалија, 36,3 проценти од повратниците биле позитивни на коронавирусот вратен од Косово помеѓу 1 јули и 16 август (според официјалната германска статистика, Косово и Србија се разгледуваат одделно). Турција е на второ место со 19,9 проценти. Следат Хрватска (6,2 проценти) и Србија (4,1 процент).

Многу мал број на инфекции од 2,5 и 0,5 проценти, соодветно, се забележани кај луѓе кои се вратиле од „класичните одмори“ од Шпанија и Грција.

И ова не е случај само во Северна Рајна-Вестфалија. Слична е состојбата и на национално ниво. Околу 39 проценти од позитивните луѓе во Германија се вратиле од годишен одмор, а околу 20 проценти од нив биле заразени во Косово или Турција. Потоа, тука се Хрватска, Бугарија, Босна и Херцеговина, Шпанија, Србија и Романија.

Според податоците на Институтот, кога станува збор за возрасни групи, повеќето од заразените деца и средовечни луѓе доаѓаат од Косово и Турција. Додека млади луѓе на возраст од 20 до 24 години доаѓаат од Шпанија и Хрватска.

Повеќе позитиви на аеродромите

Бидејќи им беше понудено бесплатно тестирање на сите што се вратија во земјата, вклучително и на аеродромите, многу луѓе се тестирани токму таму. Бројот на позитивни тестови сега е поголем од националниот просек.

Според податоците на Северна Рајна-Вестфалија, повеќе од 58.000 тестови на аеродромите биле позитивни.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This