СПОРЕД ГРЕГОРИЈАНСКИОТ КАЛЕДАР: Денес е Бадник за верниците од католичка вероисповед

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Католиците ширум светот денес го празнуваат Бадник. Верниците, традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите во целиот свет започнува свечената рождествова литургија. За време на неа верниците се потсетуваат на старозаветните пророштва и настани поврзани со раѓањето на Исус Христос.

Сите христијански народи го прославуваат Божиќ со најразлични обичаи. Божиќното дрво се поставува во село и во град. Додека се украсува борот, се пејат весели божиќни песни.

На Божиќ го славиме раѓањето на Исус Христос и ја споделуваме својата радост со нашите пријатели, соседи, роднини, cиромашни, бoлни и сите други со кои ќе се сретнеме овие божикни денови. Во знак на радост нека одекне божиќната песна: „Насекаде на земјата мир”.

Божиќ утре го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар.

Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божиќ ќе го одбележат на 7 јануари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This